• среда, 15 мај 2024

МВР Билтен

МВР Билтен

Скопје, 15 март 2024 (МИА) - На 14.03.2024, полициски службеници од ОВР Прилеп го привеле Ч.С.(21) од с. Големо Коњари, прилепско, соопштија денеска од МВР.

При претрес во неговиот дом, извршен со наредба на  Основен суд Прилеп, биле пронајдени и одземени воздушна пушка, повеќе куршуми и други предмети за кои постои сомнение дека потекнуваат од кривично дело. По целосно документирање на настанот против него ќе следува соодветна пријава.                    

На 14.03.2024 околу 20.00 часот на улица „Фуштанска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово го лишиле од слобода 23-годишниот тетовец С.Д. затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе биде изготвен соодветен поднесок.

На 14.03.2024 во 20.00 часот на пат за с.Беловодица - с.Царевиќ, полициски службеници од ОВР Прилеп при СВР Битола го лишиле од слобода В.С.(36) од Прилеп. При контрола на патничко возило „даеву” со кумановски регистарски ознаки, кое го управувал, биле пронајдени огревни дрва без документација. Дрвата биле предадени на Шумска полиција, а по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (14.03.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 167 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина шест санкции, 23 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за минување на затворен сигнал - црвено светло, седум мерки за користење на мобилен телефон при возење...

На 14.03.2024 од 20.00 до 22.00 часот, полициски службеници на тетовската Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај спровеле акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната со користење на таканаречениот „ноќен радар“. При контролата биле констатирани вкупно 7 пречекорувања на максимално дозволената брзина. При едно од пречекорувањата на дозволената брзина,  регистрирано на автопатот Скопје – Тетово, кај клучката Север на влезот во Тетово, измерената брзина изнесувала 207 километри на час. На возачот на патничкото моторно возило „порше“, С.Е. од Република Косово, кој поседувал швајцарска возачка дозвола, изготвен му е сооодветен поднесок.

Во текот на вчерашниот ден (14.03.2024) Министерството за внатрешни работи спроведе акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, при што санкционирани се 137 возачи. Од нив, 12 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а две возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, 53 возила ја пречекориле брзината во населено место, а 84 надвор од населено место.

На 14.03.2024 во 13.00 часот во Полициското одделение Македонска Каменица било пријавено дека на локалниот пат во с.Моштица, општина Македонска Каменица, кај маала „Мачуваница“, патничко возило „опел корса“ со регистарски ознаки од Македонска Каменица, управувано од С.И.(79) од Македонска Каменица излетало од патот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Клиничката болница Штип. Извршен бил увид од увидна екипа од Полициското одделение Македонска Каменица.

На 14.03.2024 во Полициската станица Карпош, И.К.(44) од Берово пријавил дека на ул.„Љубљанска“ во Скопје бил каснат од куче скитник.

На 14.03.2024 во 12.30 часот во Полициската станица Карпош, С.К.(74) од Скопје пријавил дека на ул.„Качанички пат“ во Скопје бил каснат од куче скитник. цр/

Фото: МИА архива

 

 

Остани поврзан