• недела, 28 април 2024
МВР Билтен (ДПЛ)

21 април 2024

На 20.04.2024 во 17.40 часот во Кичево, полициски службеници од Полициската станица Кичево го привеле А.А.(39) од Кичево, кој бил баран по потерница врз основа на судска наредба за издржување на казна затвор од две години за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ по член 215 од Кривичниот законик. Лицето било спроведено во Казнено - поправната установа Затвор Идризово во Скопје за издржување на казната.

На 20.04.2024 во 17.30 часот во ОВР Кавадарци, Г.Ц.(49) од село Габревци, општина Конче, пријавил дека, додека го напасувал стадото овци по речното корито на река Црна Река во близина на село Манастирец, кавадаречко, надошла реката и му го ограничила движењето и заедно со овците останал на копно обиколен со вода. Преку ХЕЦ „Тиквеш“ било интервенирано да се запре водата во реката, по што од страна на полициски службеници Г.Ц. и овците безбедно биле пренесени на брегот. За настанот биле известени Територијална противпожарна единица Кавадарци и Центар за управување со кризи Скопје.

На 20.04.2024 во периодот од 08.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за санкционирање на возачи управуваат возило со брзина поголема брзина од дозволеното. При контролата биле откриени и санкционирани вкупно 34 пречекорувања на максимално дозволената брзина. Од нив, 25 пречекорувања се регистрирани надвор од населено место (ТЕ-12 и ГВ-13), од кои еден возач (ТЕ) возел со врзина од над 70 километри на час повеќе од дозволеното. При контролата, исто така, санкционирани се и 9 пречекорувања на брзината во населено место (ТЕ), а санкционирани се и 14 други видови сообраќајни прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-5). На возачите прекршители изготвени им се предвидените поднесоци.

На 20.04.2024 во 18.20 и 18.55 часот, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ги лишиле од слобода Р.Ѓ.(43) и А.Ѓ.(37), двајцата од с.Шишево, скопско. Тие се сомничат дека на 19.04.2024 околу 00.30 часот со употреба на сила влегле во домот на И.Ј.(36) во с.Волково, скопско и физички го нападнале, при што употребиле и тврд предмет. Тие биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (21.04.2024) во 03.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода Д.К.(25) од ресенско село, постапувајќи по претходна пријава дека во семејниот дом физички го нападнал својот татко, при што употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (21.04.2024) во 00.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Гази  Баба го привеле Б.П.(30) од Скопје затоа што на бензинска станица во с.Јурумлери, скопско, го нарушил јавниот ред и мир и агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.04.2024 во 21.45 часот во Битола, полициски службеници од СВР Битола го лишиле од слобода С.Б.(29) од Прилеп, со привремен престој во Битола, затоа што агресивно се однесувал и спречувал полициски службеници при извршување службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (21.04.2024) во 02.45 часот, полициски службеници од Полициската станица Ресен го лишиле од слобода Ј.Г.(54) од ресенско село затоа што семејниот дом физички ги нападнал  својата сопруга и ќерка. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Денеска (21.04.2024) во 02.35 часот во Полициската станица Струга, Џ.А.(27) од с.Подгорци, струшко, пријавил дека пред угостителски објект во Струга бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.04.2024 во 22.00 часот во СВР Скопје, 82-годишник од Скопје пријавил дека во дворот од семејната куќа на подрачјето на Кисела Вода, по претходна расправија, бил физички нападнат од својот внук М.Т.(27) од Скопје, кој употребил и остар предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.04.2024 во Полициската станица Струга било пријавено дека околу 17.00 часот на ул.„Пабло Неруда“ во Струга, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Џ.Л.(31) од Охрид и Б.С.(54) од Струга. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 19.04.2024 во 21.30 часот на ул.„Народна револуција“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го привеле Т.Т.(47) од Куманово затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.04.2024 во 10.20 часот во СВР Скопје, А.С.(50) од Скопје пријавил дека околу 10.00 часот на подрачјето на Бит Пазар бил физички нападнат од И.С.(62) од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 20.04.2024 во 15.30 часот во СВР Штип, С.С.(47) од Штип пријавил дека околу 14.30 часот на ул.„Сремски фронт“ во Штип неговиот малолетен син бил физички нападнат од Ј.А. од Штип. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 20.04.2024 во 16.15 часот во СВР Скопје било пријавено дека во патничко возило „опел“ со скопски регистарски ознаки пред угостителски објект во населба Хиподром бил пронајден починат Ф.Ш.(65) од с.Студеничани, скопско. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство. Увид извршила екипа од СВР Скопје, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.

На 20.04.2024 во 15.00 часот во Полициската станица Кисела Вода, В.И.(24) од Охрид пријавил дека С.Ц.(41) и Л.С.(25), двете од Непал, кои биле вработени во негова фирма, се оддалечиле од домот во кој престојувале во Охрид. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицата.

На 20.04.2024 во 21.20 часот во Полициската станица Драчево, З.А.(42) од Скопје пријавила дека од домот се оддалечила нејзината ќерка Л.А.(18) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

МВР

__________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.
 
 

Остани поврзан