• вторник, 23 јули 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 3 март 2024 (МИА) -  ОВР Кичево поднесе кривична пријава против А.Д.(34) од селото Преглово, општина Пласница, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од областа на безбедноста“.

На 11.02.2024 во 01.40 часот на улицата „11 Септември“ во Кичево, тој агресивно се однесувал кон полициски службеници кои преземале службени дејствија.

На 01.03.2024 во периодот од 15.00 до 20.00 часот, полициски службеници на СВР Тетово спроведоа акциска контрола за престигнување, во која биле откриени и санкционирани 30 прекршоци (ТЕ-17 и ГВ-13).

Сите прекршоци се однесувале на престигнување на недозволени места. На возачите прекршители изготвени им се законски предвидените поднесоци со парични глоби кои за овој вид сообраќаен прекршок, согласно Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, се движат од 45 до 250 евра во денарска противвредност.

На некои од нив и времено ќе им бидат одземени возачките дозволи од три месеци до една година, зависно од тоа како и каде престигнување.

На 01.03.2024 од 15.00 до 20.00 часот на подрачјето на СВР Охрид реализирани се засилени контроли во патниот сообраќај.

Притоа, полициските службеници затекнале и санкционирале 37 возачи кои, управувајќи моторни возила, извршиле престигнување на непрегледни и места каде со сообраќаен знак е забрането престигнувањето (Охрид-08, Струга-21, Кичево-04, Дебар-04).

На 01.03.2024 во 15.12 часот во СВР Куманово, од Казнено-поправната установа Затвор Кшање било пријавено дека при преглед кај осуденикот Ш.Ш.(47) од Радовиш биле пронајдени и одземени бела прашкаста материја, таблети и пари.

Полициски службеници од СВР Куманово извршиле увид и го подигнале пронајденото за понатамошна постапка. По документирање на случајот ќе следува соодветна пријава.

На 01.03.2024 во 18.45 часот во Полициското одделение Галате, Х.Р.(39) од с.Врапчиште, Гостиварско, пријавил дека околу 13.00 часот пред угостителски објект во с.Врапчиште, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Е.С..

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.03.2024 во 22.30 часот во СВР Штип, И.Ч. (36) од Штип пријавила дека околу 21.50 часот пред угостителски објект во Штип, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Денеска (02.03.2024) во 03.10 часот во Полициската станица Гостивар, М.С.(35) од с.Долна Бањица, Гостиварско, пријавил дека околу 01.30 часот во и пред угостителски објект во Гостивар, по претходно недоразбирање, тој и Г.Х. од Швајцарија биле физички нападнати од сопственикот на објектот и уште едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.03.2024 во Велес, полициски службеници од СВР Велес ја лишиле од слобода Р.С.(32) од Велес. Таа се сомничи дека од лицето Т.Ѓ.(54) од Велес одзела пари.

Според пријавеното, откако Т.Ѓ. паднал на улицата „Илинденска“ во Велес и починал, Р.С. се доближила до него и му ги одзела парите. Таа е задржана во полициска станица, бил известен јавен обвинител и по документирање на настанот против неа ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 01.03.2024 во 09.22 часот во Полициската станица Крива Паланка, 37-годишна жена од Крива Паланка пријавила дека во семејниот дом била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.В..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

На 01.03.2024 во 15.20 часот во Полициската станица Виница било пријавено дека по претходна расправија поради нерасчистени имотно -правни односи, настанала физичка пресметка помеѓу Б.М.(75) и В.Н., двајцата од с.Драгобраште, Виничко, при што бил употребен и тврд предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 01.03.2024 во СВР Куманово, Д.М.(42) од Куманово, пријавил дека околу 14.45 часот во село Черкези, Кумановско, неговиот малолетен син бил физички нападнат од неколку малолетници.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 29.02.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачје на Гази Баба, поради нарушени меѓусоседски односи, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу Р.С.(78) и С.П.(62), двете од Скопје.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 01.03.2024 во СВР Куманово, Н.М.(38) од село Матејче, општина Липково, пријавил дека околу 21.00 часот во село Матејче, И.Н. од истото село, поради претходни недоразбирања, на него и неговиот брат им се заканил со огнено оружје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.03.2024 во 14.45 часот во СВР Скопје, 32-годишна жена пријавила дека во семејниот дом на подрачје на Драчево била физички нападната од нејзиниот свекор З.М.(67) од Скопје.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 01.03.2024 во 20.35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во продажен објект подрачје на општина Аеродром во Скопје, едно лице со закана кон вработена одзело пари од дневниот промет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

Во Полициската станица Драчево, М.Б.(66) од с.Студеничани, Скопско, пријавил дека од домот се оддалечил неговиот син И.Б.(37) од с.Студеничани.

Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.

На 01.03.2024 во 10.20 часот во Полициската станица Велес, Р.Ш.(31) од Велес пријавила дека во дворот од семејниот дом нејзинот малолетен син бил каснат од куче скитник.

На 01.03.2024 во 18.00 часот  во Полициската станица Велес, К.Ј.(19) од Велес пријавил дека на улица „Алексо Демниевски Бауман“ во Велес бил каснат од куче скитник.

На 01.03.2024 во 20.30 часот во Полициската станица Велес, Д.Ѓ.(34) од село Теово, општина Чашка, пријавил дека на улица „Оливер Китановски“ во Велес бил каснат од куче. 

Фото: МИА архива 

Остани поврзан