МВР Билтен (ДПЛ)
- Вчера во 23:45 часот, во СВР Охрид, приведен е А.Н.(36) од охридското село Долно Лакочереј. При преглед во неговиот автомобил „рено“, извршен на улицата „Живко Чинго“ во Охрид, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Скопје, 26 ноември 2023 (МИА) - Вчера во 23:45 часот, во СВР Охрид, приведен е А.Н.(36) од охридското село Долно Лакочереј. При преглед во неговиот автомобил „рено“, извршен на улицата „Живко Чинго“ во Охрид, полициските службеници, пронајдоа и одзедоа марихуана. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Денеска во 02:10 часот, во угостителски објект лоциран на булеварот „Железничка“ во Охрид, приведен е И.Б.(29) од Босна и Херцеговина, кај кого полициски службеници пронајдоа и одзедоа кокаин. По целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.
Вчера во 19 часот во СВР Скопје Б.А.(40) од Скопје пријавил дека околу 18:20 часот на подрачјето на Шуто Оризари неговиот син бил физички нападнат од четири малолетници и бил употребен и тврд предмет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.11.2023 во 11:30 часот во СВР Скопје Д.Г.(43) од Скопје пријавил дека околу 08:30 часот на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Т.Н. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.11.2023 во 12 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Центар бил опожарен оџак и кров од куќа, сопственост на неколку лица. Пожарот бил изгаснат од Бригадата за противпожарна заштита.
На 24.11.2023 во 16 часот во СВР Скопје А.М.(29) од село Ржаничино-скопско пријавил дека на бензинска пумпа во село Петровец, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.11.2023 во 12:45 часот во СВР Скопје 31- годишна жена пријавила дека на 24.11.2023 околу 19 часот на подрачјето на Шуто Оризари била физички нападната од нејзиниот сопруг И.С.(28) од Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.11.2023 во 12 часот во Полициската станица Драчево Д.К.(39) од Скопје пријавил дека на улица „Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник.
На 25.11.2023 во 12:50 часот во Полициската станица Драчево Ѓ.Д.(61) од Скопје пријавил дека на улица „Иван Хаџи Николов“ бил каснат од куче скитник.
Денеска во 00:05 часот Г.Г.(41) од Пробиштип, а со престојувалиште во Скопје, пријавил дека на подрачјето на Аеродром, по претходно недоразбирање во сообраќајот бил физички нападнат од две лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.11.2023 во 21:35 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Чаир едно лице со закана од вработената одзел сума на пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 25.11.2023 полициски службеници од ОВР Неготино во 09.45 часот ги лишиле од слобода Г.Д.(56) и С.П.(25), а во 13:30 часот Ц.П.(29) и И.Д.(46), сите од село Пепелиште, неготинско, постапувајќи по претходна пријава дека тие истиот ден утрото со патничко возило „ауди“ со неготински регистарски ознаки отишле на приватен имот во село Дуброво, неготинско, каде што биле Ј.К.(55), С.С.(58), М.М.(34) од село Иванковци, велешко и И.М.(39) од општина Росоман и ги нападнале со дрвени предмети. Исто така, во 15.30 часот пријавено е дека Ј.К. упатувал закани кон С.П. и Ц.П.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.свс/
Фото: МИА архива