• среда, 23 октомври 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 12 јуни 2024 (МИА) - СВР Охрид поднесе кривична пријава против З.Д.(33) од Виница поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „ширење расистички и ксенофобичен материјал по пат на компјутерски систем“. На 12.03.2024 по објавена вест на интернет портал, пријавениот напишал коментар со кој промовирал и поттикнувал омраза и дискриминација.

Во рамките на континуираните активности што ги презема СВР Тетово за поголем ред и безбедност на сообраќајот, вчера (11-јуни) во периодот од 16:00 до 21:00 часот спроведена е акциска контрола за прекршоците што ги прават возачите на мотоцикли.

При контролата биле откриени и санкционирани 42 прекршоци (ТЕ-20 и ГВ-22), од кои најголемиот дел биле за некористење на заштитен шлем-кацига 33 (ТЕ-16 и ГВ-17), потоа 5 (ТЕ-3 и ГВ-2) за управување без возачка дозвола и 3 (ГВ-3) со непродолжена осигурителна полиса, 1 (ТЕ) нерегистриран мотоцикл. Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци, а при контролата биле констатирани и санкционирани 7 (ТЕ-1 и ГВ-6) останати сообраќајни прекршоци.

На 11.06.2024 во периодот од 16.00 до 22.00 часот на подрачјето на СВР Штип била спроведена акциска контрола на прекршоци што ги прават возачите на мотоцикли.

За време на контролата биле констатирани 15 прекршоци. Истиот ден била спроведена акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина повеќе од дозволената. Притоа биле констатирани 11 прекршоци, од кои 8 надвор од населено место и 3 во населено место. Санкционирани биле и 14 други видови на прекршоци.

На 11.06.2024 во 19.10 часот во угостителски објект на булевар „Железничка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид ги лишиле од слобода Н.М.(38), В.М.(42), двајцата од село Лешани, општина Дебрца, и М.И.(26) и Д.Н.(33), двајцата од Охрид, затоа што оштетиле дел од инвентарот во објектот, а при интервенција на полициски службеници го оштетиле и службеното полициско возило.

Лицата биле задржани во полициска станица и за настанот бил запознаен јавен обвинител. По целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 11.06.2024 во 17.30 часот СВР Тетово било пријавено дека околу 13.25 часот во кругот на основното училиште „Наим Фрашери“ во Тетово, електричен тротинет удрил во малолетник, по што лицето кое го управувало го напуштил местото.

Малолетникот се здобил со повреди и бил пренесен во Клиничка болница Тетово за укажување помош. Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.06.2024 во 14.28 часот во Полициската канцеларија Пехчево, од Итна медицинска помош Пехчево било пријавено дека кај нив со тешки телесни повреди бил донесен Ф.Џ.(67) од Пехчево.

Според пријавеното, тој се здобил со повредите при извршување работни активности на тераса од куќа во Пехчево. Увид на местото на настанот извршиле увидна екипа на ОВР Берово и трудов инспектор.

На 11.06.2024 во 23.00 часот, полициски службеници од Полициската станица Центар го лишиле од слобода И.С.(63) од Скопје затоа што околу 22.20 часот пред угостителски објект на подрачје на Центар физички ја нападнал Е.З.(38) од Кратово и се однесувал агресивно кон полициски службеници кои вршеле службени дејствија.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.06.2024 во 14.00 часот во Полициското одделение Петровец, 41-годишна жена  од скопско село пријавила дека на 09.06.2024 нејзиниот поранешен сопруг Н.С. физички ги нападнал нивните две малолетни ќерки и притоа употребил и тврд предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против И.Р.(45) од с.Градец поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело  „предизвикување општа опасност во обид“. На 22.01.2024 во станица за технички преглед, по претходни недоразбирања, пријавениот со запалива течност се обидел да предизвика пожар во возилото на Ј.С. од Гостивар, но бил спречен од вработените и други присутни лица.

На 11.06.2024 во 10.00 часот во СВР Скопје, 39-годишна жена од Скопје пријавила дека на 09.06.2024 на подрачјето на Кисела Вода била физички нападната од нејзиниот сопруг Т.А.(28) од скопско, со кого била во бракоразводна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.06.2024 во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во плац на правен субјект на подрачјето на Сарај бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу 19-годишната Е.С. од с.Ласкарци, скопско и 41-годишната М.С. од с.Сарај, скопско.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.   

На 11.06.2024 во 17.50 часот во СВР Скопје, Л.Ј.(75) од Скопје пријавила дека околу 16.15 часот на подрачјето на Карпош едно лице ѝ одзело личен накит.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 11.06.2024 во СВР Скопје било пријавено дека во периодот околу 08.00 часот настанал пожар во куќата на М.С.(21) од Скопје.

Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа наБригадата за противпожарна заштита Скопје. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 11.06.2024 во СВР Скопје, А.Л.(48) од Скопје пријавил дека на 08.06.2024 пред угостителски објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје бил физички нападнат од неколку лица, при што се здобил со убодни рани, по што бил пренесен во приватна болница во СКопје за укажување лекарска помош.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  сст/

фото МИА архива

 

 

 

 

 



Остани поврзан