• сабота, 04 мај 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 6 април 2024 (МИА) - На подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје вчера во 15.00 часот го лишиле од слобода Р.К.(36) од с.Рашче, скопско, затоа што кај него биле пронајдени и одземени еден пиштол со рамка и неколку куршуми за него. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

Во полициското одделение во струшкото село Велешта изутрина во 05.30 часот е приведен Н.Х.(43) од Република Албанија. Тој илегално ја преминал македонско-албанската државна граница и без документи за идентификација престојувал на подрачјето на селото Велешта. Во координација со јавен обвинител, против него ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Полициски службеници од ОВР Прилеп синоќа во 20:15 часот ги лишиле од слобода С.М.(21), О.И.(26) и А. А.(34), сите од Прилеп, затоа што околу 19.00 часот во близина на Градскиот часовник во Прилеп физички го нападнале С.Ч.(54) од Прилеп. По наредба на јавен обвинител, лицата биле задржани во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава. 

Во СВР Скопје вчера во 09.10 часот било пријавено дека околу 08.45 часот на работното место во продажен објект на подрачјето на Гази Баба, Б.М.(44) од Скопје се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. За настанот бил известен јавен обвинител, а увид извршила екипа од СВР Скопје. 

На 05.04.2024 околу 15.15 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на автопатот Скопје – Штип, на наплатната станица Преод, во движење настанал пожар на патничко возило ,,форд фиеста“ со пробиштипски регистарски ознаки, управувано од Д.С.(35) од Пробиштип. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе. 

На 05.04.2024 во 10.50 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 09.00 часот на работното место во фирма на подрачјето на Гази Баба, Ц.В. од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ Скопје. За настанот бил известен трудов инспектор. Увид бил извршен.

На 05.04.2024 околу 18.20 часот во ОВР Свети Николе било пријавено дека на автопат Скопје – Штип, пред наплатната станица Преод, во движење настанал пожар на патничко возило „фолксваген пасат“ со струмички регистарски ознаки, управувано од Н.Р.(20) од Струмица. Од екипа на Територијалната противпожарна единица Свети Николе пожарот бил изгаснат, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од ОВР Свети Николе. 

На 05.04.2024 во 15.22 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 07.30 часот на работното место во продажен објект на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, Д.В.(53) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди, констатирани во Градска општа болница „Св.Наум Охридски“ Скопје. Увид бил извршен.  

На 05.04.2024 во 20.45 часот во Штип, полициски службеници од СВР Штип го лишиле од слобода З.Т.(51) од Штип затоа што околу 20.00 часот пред вратата на неговиот сосед М.Г.(48) од Штип агресивно се однесувал и му се заканил со остар предмет. За настанот бил известен јавен обвинител и по целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 05.04.2024 во 20.50 часот во СВР Скопје, Ѓ.И.(40) од с.Горна Матка, општина Сарај, пријавила дека околу 19.30 часот пред нивниот дом, по претходно нарушени односи, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од соседот С.С., кој употребил и тврд предмет. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 05.04.2024 во 19.30 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 18.30 часот во објект во Чичино Село, општина Сарај, Џ.Р.(54) со престој во Чичино село, по претходно меѓусебно нетрпение, бил физички нападнат од М.Х.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 05.04.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 22.00 часот во Градски трговски центар, неколку малолетници физички нападнале малолетник од Скопје и агресивно се однесувале кон три малолетнички, исто така, од Скопје. Според пријавеното, еден од напаѓачите имал и остар предмет, но не го употребил. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 05.04.2024 во 16.30 часот во СВР Скопје, Б.А.(48) од с.Кондово, скопско, пријавил дека околу 16.00 часот на подрачјето на Сарај, по претходно недоразбирање, бил физички нападнат од Ј.Н. од с.Кондово, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 05.04.2024 во 19.40 часот во СВР Скопје, О.Ѓ.(41) од Скопје пријавила дека на 30.03.2024 на подрачјето на Карпош, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од Н.П.(36) од Ресен, со престој во Скопје. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 05.04.2024 во 23.30 часот во СВР Скопје, К.С.(42) од Скопје пријавила дека околу 22.40 часот на подрачјето на Центар, нејзиниот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот. 

На 05.04.2024 во 15.15 часот во Полициската станица Карпош, В.Т.(21) од Прилеп пријавила дека во Градски парк Скопје била касната од куче скитник. 

На 05.04.2024 во 10.50 часот во ОВР Гостивар било пријавено дека на ул.„Илинденска“ настанал пожар на плац од автомеханичарска работилница, сопственост на Т.З.(58) од Гостивар. Екипа на Територијалната противпожарна единица Гостивар го изгаснала пожарот, а повредени лица нема. Увид извршила увидна екипа од СВР Тетово.

На 05.04.2024 година во 14.20 часот во СВР Тетово било приајвено дека на ул.„146“ во Тетово настанал пожар во куќа сопственост на М.Ј.(56) од Тетово. Екипа на Територијалната противпожарна единица Тетово го изгаснала пожарот, повредени лица нема

На 05.03.2024 во 13.00 часот во Полициската станица Бит Пазар, С.Е.(44) од Скопје пријавил дека на ул.„Парашќеви Ќириази“ во Скопје бил каснат од куче скитник.   

На 05.04.2024 во 17.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во с.Батинци настанал пожар во куќа сопственост на Џ.С.(57). Од пожарот делумно била зафатена соседната куќа, сопственост на Е.М.(34). Повредени лица нема, а пожарот бил изгаснат од екипа на Бригата за противпожарна заштита Скопје. Увид бил извршен.  

На 05.04.2024 во 10.30 часот во Полицкото одделение Петровец, Т.Ј.(50) од с.Марино пријавил дека во нас.Јака во с.Марино, општина Илинден, неговата ќерка била касната од куче скитник.

На 05.04.2024 во 11.30 часот во Полициското одделение Петровец, Е.Д.(36) од с.Мралино, скопско пријавил дека на ул.„1“ во с.Мралино, општина Илинден, бил каснат од куче скитник. 

 

Остани поврзан