• сабота, 27 јули 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 5 декември 2023 (МИА) - На 04.12.2023 полициски службеници од СВР Битола - ОВР Прилеп - Надворешна канцеларија за криминалистички работи Прилеп ги лишиле од слобода Е.Б.(35) и О.М.(39), двајцата од Прилеп.

Тие се сомничат дека извршиле тешки кражби во возила и дека одзеле различни предмети. Во службен разговор тие ги признале делата, а одземените предмети биле пронајдени и вратени на сопствениците. По документирање на настаните, против лицата ќе следува соодветна кривична пријава.  

Единицата за економски и компјутерски криминал при СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.П.(40) поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „злоупотреба на лични податоци" по член 149 од Кривичниот законик.

На 22.09.2023, без согласност од неговата поранешна сопруга, ги злоупотребил нејзините лични податоци и на Фејсбук-профил на нејзината сестра напишал коментари со навредлива содржина, како и фотографии од налози за исплата на парични средства на кои се наоѓале нејзините лични податоци, со што ги направил јавно достапни.   

На 04.12.2023 во 10.45 часот во СВР Тетово, на службен разговор е повикан 37-годишниот тетовец Б.Љ. кај кого била пронајдена и одземена марихуана.

По целосно расчистување и документирање на случајот против него ќе следува соодветен поднесок.

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против Б.М.(42) од Дебар, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „вршење јавен превоз без поседување лиценца“.

На 20.11.2023 во Дебар, полициските службеници извршиле контрола на патничко возило „фолксваген голф“, кое го управувал пријавениот, при што било констатирано дека врши превоз на патници без да поседува соодветна лиценца издадена од надлежен државен орган.

На 04.12.2023 во 09.40 часот во ОВР Кичево, Љ.М.(68) од кичевското село Букојчани пријавил дека на локален пат Букојчани - Карбуница бил каснат од куче скитник.

Истиот ден, Б.С.(27) од Кичево пријавил дека на улицата „11 Септември“ во Кичево бил каснат од куче скитник.

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (04.12.2023) продолжи со контролите во областа на сообраќајот.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 51 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 22 санкции, пет мерки за возење без возачка дозвола, две санкции за користење мобилен телефон при возење, шест санкции за непрописно паркирање, две санкции за управување под дејство на алкохол...

На 04.12.2023 на подрачјето на СВР Штип спроведена е акциска контрола на возачи кои управуваат возила со брзина поголема од пропишаната.  За време на контролата биле констатирани 14 прекршоци, од кои 8 надвор од населено место и 6 во населено место.

Санкционирани биле и 27 други видови прекршоци, од кои еден за нерегистрирано возило, шест за управување возило без возачка дозвола, еден за возач почетник, еден за управување возило под дејство на алкохол, два за непрописно престигнување, два за некористење сигурносен појас, еден за користење мобилен телефон, два за прекршоци сторени од пешаци и 11 за непрописно  паркирање.

На 04.12.2023  во 11.10 часот во ОВР Кочани, Л.П.(58) од Кочани пријавила дека околу 10.00 часот на ул. „Славчо Стојменов“ во Кочани била касната од куче скитник.

На 04.12.2023 во 15.00 часот во Полициската станица Аеродром, Н.Р.(42) од Скопје пријавила дека околу 07.30 часот на подрачје на Аеродром била физички нападната од нејзиниот сосед Д.С.(53) од Скопје, кој се обидел да ја нападне и со остар предмет.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

ОВР Струга поднесе кривична пријава против Н.К.(53) од струшкото село Велешта, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „спречување службено лице во вршење на службено дејствие“.

На 14.11.2023 во Струга, пријавениот агресивно се однесувал кон инспектор за патен сообраќај овластен од Општина Струга, кој преземал службени дејствија. 

На 04.12.2023 во 07.43 часот во СВР Скопје било пријавено дека во 06.30 часот од Казнено-поправната установа Затвор Скопје во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ со здравствени проблеми бил донесен Л.Ф.(1962) од Гостивар.

Во 07.55 часот лекар констатирал смрт, а по наредба на јавен обвинител телото било дадено на обдукција.  

СВР Охрид поднесе кривична пријава против У.М.(45) од Охрид, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „бесправно градење“.

На катастарска парцела во Охрид, спротивно на Законот за градење и без одобрение за градење издадено од надлежен орган, тој изградил станбен објект.

На 04.12.2023 во 11.30 часот во ОВР Кочани, Б.Ѓ. пријавила дека на ул. „Скопска“ во Кочани била касната од куче скитник.

ОВР Кратово поднесе кривична пријава против С.Ј.(49) од с.Крилатица, Кратовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „предизвикување општа опасност“.

Пријавената на 09.11.2023 во с.Крилатица, го пуштила своето куче без надзор и без маска надвор од својата куќа, при што каснало малолетник од селото.

На 04.12.2023 во 22.30 часот во СВР Скопје, В.Г.(60) од Скопје пријавил дека на подрачјето на Ѓорче Петров бил физички нападнат од П.Г.(48) од Скопје, кој носел и остар предмет.

По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против Н.Ј.(29) од с.Чифлик, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „насилство“ и „загрозување на сигурноста“.

Во текот на 04.11.2023 во с.Чифлик, пријавениот физички го нападнал М.М. и го оштетил неговото возило, по што во с.Чифлик, с.Чешиново и  с.Облешево агресивно се однесувал и упатил закани кон три други лица.

На 04.03.2023 година во 12.40 часот, Б.Н.(40) од Струга во полициска станица пријавил дека на улицата „ЈНА“ во Струга бил каснат од куче скитник. хс/

Фото: МИА архива 

 

Остани поврзан