• петок, 26 април 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 17 април 2024 (МИА) - На 16.04.2024 во 20.50 часот во Струга, полициски службеници од ОВР Струга ги лишиле од слобода Б.Т.(29) и М.П.Б.(29), двајцата од Струга.

При извршен преглед во патнички автомобил „опел“ со струшки регистарски ознаки, во кој се наоѓале двајцата, кај М.П.Б. била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на настанот, ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Денеска (17.04.2024) во 09.20 часот на подрачјето на Драчево, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Ф.Б.(31) од Скопје.

Тој се сомничи дека на 16.04.2024 околу 22.00 часот на подрачјето на Шуто Оризари физички ја нападнал неговата поранешна 37 – годишна партнерка и ѝ го одзел накитот. Одземеното било пронајдено, а лицето било задржано во полициска станица. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

СВР Скопје – Единица за економски и компјутерски криминал поднесе кривична пријава против К.Д.(49), градоначалник на скопска општина, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „несовесно работење во службата" по член 353 од Кривичниот законик.

Во текот на 2020 и 2024 година пријавениот несовесно постапил во извршување на своите овластувања при спроведување на управна постапка и ги повредил законските прописи на начин што постапил спротивно на Законот за заштита на деца – член 126. Во 2020 и во 2024 година тој именувал директори на детска градинка лица кои не биле вработени во градинката и покрај тоа што во законот се вели дека именувањето на вршител на должноста директор на детска градинка треба да се врши од редот на вработените во детската градинка.  

СВР Охрид поднесе кривична пријава против К.М.(24) од Охрид поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи од безбедноста“.

На 14.04.2024 на магистралниот пат Охрид – Кичево, пријавениот со своето возило „ренџ ровер“ се обидел да удри полициски службеници кои вршеле службени дејствија и побегнал, а по кратко време на булеварот„Железничка“ предизвикал сообраќајна незгода.

На 16.04.2024 во периодот од 09.00 до 14.00 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена е акциска контрола за непрописно престигнување.

При контролата биле откриени и санкционирани 31 прекршоци (ТЕ-9 и ГВ-22). Против возачите биле поднесени соодветни поднесоци.

Секторот за внатрешни работи Битола во текот на вчерашниот ден (16.04.2024) во периодот од 10.00 до 16.00 часот продолжи со контролите во областа на сообраќајот кај товарните возила.

На територија на СВР Битола изречени се вкупно 54 мерки. При контролата откриени се и 21 други видови прекршоци.

На 16.04.2024 во 12.39 часот во СВР Битола било пријавено дека на ул.„Трајко Николоски“ во Прилеп бил опожарен дел од фасадата на угостителски објект, сопственост на Т.Ц.(21) од Прилеп.

Пожарот бил изгаснат од вработените, а повредени лица нема. Увид извршила екипа од ОВР Прилеп и се работи на расчистување на случајот.

На 16.04.2024 во 17.30 часот во СВР Охрид било пријавено дека настанал пожар во угостителски објект на ул.„Абас Емин“ во Охрид.

Пожарот бил изгаснат од екипа на Тетироријалната противпожарна единица Охрид, а повредени лица нема. Увид бил извршен.

На 16.04.2024 околу 22.45 часот на подрачјето на центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле А.А.(27) од Република Турција затоа што го нарушил јавниот ред и мир, агресивно се однесувал кон случајните минувачи, а по приведувањето продолжил со агресивното однесување и во Полициската станица Центар.

Лицето било спроведено во здравствена установа и се работи на расчистување на случајот.  

На 16.04.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Ц.(32) од Скопје пријавил дека на 15.04.2024  околу 15.00 часот во основно училиште на подрачјето на Гази Баба, неговата малолетна ќерка била нападната од нејзина соученичка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
       
На 16.04.2024 во 15.00 часот во СВР Скопје, Д.Б.(38) од с.Кадино, општина Илинден, пријавил дека во с.Глумово, општина Сарај, при извршување работни задачи како вработен во ЕВН, бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.  

На 17.04.2024 во 01.40 часот во Полициската станица Бит Пазар, Л.Р. од Скопје пријавил дека на подрачјето на Бит Пазар неколку лица физички го нападнале и му одзеле пари и накит.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 17.04.2024 во 02.00 часот на подрачјето на Центар во Скопје, полициски службеници од Полициската станица Центар ги затекнале Ј.М.(24) од Скопје, П.Н.(23) од Прилеп, Д.Б.(23) од Скопје, М.Ј.(25) од Битола и А.М.(24) од Скопје додека пишувале графит.

Од нив биле одземени неколку канти со поликолор и боја и други предмети. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

На 16.04.2024 во 12.50 часот во Полициската станица Велес, П.А.(65) од село Кумарино, велешко, пријавил дека во селото бил каснат од куче ситник.

СВР Битола поднесе кривична пријава против С.Р.(28) и Д.К.(39), двајцата од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „убиство во обид“.

На 07.04.2024 во Казнено - поправната установа Затвор Прилеп, каде издржувале затворски казни, пријавените физички го нападнале осуденикот С.Ч., при што првопријавениот со нож му нанел убодна рана.  

СВР Битола поднесе кривична пријава против О.Н. (39) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

При претрес во неговиот дом, полициските службеници пронашле и одзеле марихуана, кокаин, таблети метамфетамин, хероин и таблета МДМА.  

СВР Струмица поднесе кривична пријава против М.А.(21) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување на употреба наркотични дроги“.

На 27.11.2023 на регионалниот пат за с.Дамјан, радовишко, полициски службеници извршиле преглед на запрено патничко возило, со кое управувало друго лице, а меѓу сопатниците бил и пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и дробилка со остатоци од марихуана.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Т.Ј.(60) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 12.04.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што биле пронајдени и одземени два пиштоли и 61 куршум.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Ш.(49) од Скопје, вработен во ЈП „Национални Шуми“, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „злоупотреба на службена положба и овластување“ и „фалсификување службена исправа“.

На 17.07.2023, пријавениот потпишал службена исправа во која внел неточни податоци за количината на натоварените дрва, со намера да се стекне со противправна имотна корист. сст/   

фото МИА архива

Остани поврзан