Приведени две лица во Тетовско, одзеле пари од казино
- Полицијата вчера ги лишила од слобода А.Д.(28) и А.Д.(21), двајцата од тетовско Непроштено поради сомнение дека околу 4:00 часот во казино на регионален пат Тетово-Јажинце под закана со огнено оружје од вработените одзеле пари.

Скопје, 25 април 2024 (МИА) - Полицијата вчера ги лишила од слобода А.Д.(28) и А.Д.(21), двајцата од тетовско Непроштено поради сомнение дека околу 4:00 часот во казино на регионален пат Тетово-Јажинце под закана со огнено оружје од вработените одзеле пари.
Како што соопшти МВР, лицата се задржани во Полициска станица Тетово и по документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. мд/сст/
Фото: МИА архива