На штипскиот универзитет меѓународна конференција за унапредување на студентската и академската мобилност, како и развој на нови образовани и истражувачки програми
- На Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип од денеска до 25 март ќе се одржува меѓународниот настан ACE²-EU Stakeholder Engagement Workshop. Станува збор за тридневна работилница во рамки на европската универзитетска алијанса ACE²-EU, насочена кон унапредување на студентската и академската мобилност, како и развој на нови образовни и истражувачки програми.
Штип, 23 март 2026 (МИА) - На Правниот факултет на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип од денеска до 25 март ќе се одржува меѓународниот настан ACE²-EU Stakeholder Engagement Workshop. Станува збор за тридневна работилница во рамки на европската универзитетска алијанса ACE²-EU, насочена кон унапредување на студентската и академската мобилност, како и развој на нови образовни и истражувачки програми.
Како што информираат од штипскиот универзитет, преку интерактивни сесии, учесниците ќе разменуваат искуства, ќе ги анализираат предизвиците и ќе креираат конкретни препораки за подобрување на мобилноста и учеството во европски академски иницијативи.
На настанот ќе присуствуваат студенти, универзитетски професори, институционални координатори од осумте партнерски универзитети во Европа, како и претставници на релевантни организации и локални чинители. ев/са/
ФОТО: Лого