• петок, 26 април 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 28 март 2023 (МИА) – Вчера околу 21:50 часот во населба Хром во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје е приведен И.Е.(37) од Скопје, бидејќи по извршен преглед кај него е пронајден пиштол „екол“. Лицето е предадено на полициски службеници во Полициска станица Ѓорче Петров за понатамошна постапка и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок по Законот за оружје.Денеска на улица „Караорман" во Битола, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Битола го лишиле од слобода Е.А.(27) од Кичево. Тој се барал по наредба од Основен суд Кичево за издржување на казна затвор за извршено кривично дело „разбојништво“, казниво по чл.237 од Кривичниот законик, кое го сторил во текот на 2022 година. Лицето е спроведено во Казнено-поправна установа Затвор Битола за издржување на затворската казна.Вчера во Скопје од полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје се лишени од слобода Н.М.(18) и М.М.(19), двајцата од Скопје. Полициски службеници од Одделението за криминалистички работи Кисела Вода, постапувајќи по пријава според која во 11:58 часот од спортска обложувалница на подрачјето на Кисела Вода биле одземени пари, презеле мерки и активности при што било констатирано дека за двете лица постои основано сомнение дека го сториле кривичното дело. Во координација со Јавен обвинител, лицата се задржани во Полициска станица Кисела Вода и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесен поднесок по член 235 од Кривичниот законик.Вчера во периодот од 10 до 14 часот од страна на секторите за внатрешни работи и патролни тимови составени од полициски службеници од Одделот за униформирана полиција, спроведена е акциска контрола во областа на сообраќајот на територијата на цела држава, при што изречени се 298 санкции за сообраќајни прекршоци. При контролата, санкционирани се 17 возачи за возење без возачка дозвола, а 17 возила биле упатени на вонреден технички преглед...Во Полициска станица Центар В.К.(50) од село Волково вчера во 15:30 часот, скопско, пријавил дека на 01.03.2023 околу 09 часот, додека бил на своето работно место во објект на улica „11 Октомври“, на подрачје на Центар, по претходна расправија, бил физички нападнат од неговиот колега Н.А.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 28.03.2023 во 11:30 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, Л.Ј.(70) од Скопје пријавила дека на улица „Лука Геров“ била касната од куче скитник.СВР Охрид поднесе кривична пријава  против С.Р.(65) од Охрид и против правен субјект со седиште во Охрид, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. С.Р., како сопственик и управител на правното лице, во периодот од јуни до септември 2022 година, на плажа на охридското крајбрежје, на површина од околу 80 метри квадратни, неовластено поставил 50 лежалки и 25 чадори за сонце. Тоа го направиле без да поседуваат одобрение за тоа, издадено од Секторот за урбанизам и управување со градежно земјиште при општина Охрид и без да платат соодветен надомест за користење на државен имот, а со намера да остварат незаконски профит.На 27.03.2023 во 21:25 часот во Полициска станица Кисела Вода, К.Ј.(39) од Скопје пријавил дека околу 19 часот на подрачје на Кисела Вода бил физички нападнат од А.П.(34) од село Ваташа. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 28.03.2023 во 24:10 часот во Полициска станица Ѓорче Петров, А.П.(24) од Скопје пријавила дека на улица „Македонски војски“ била касната од куче скитник.Поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“, СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.А.(18) од Охрид. Тој, на 05.03.2023 година, на улицата „7 Ноември“ во Охрид, пронашол паричник во кој имало платежни картички и други документи, при што противправно во неколку наврати, неовластено ја искористил платежната картичка во неколку продавници и бензински пумпи.На 26.03.2023 во 15 часот во Полициска станица Кисела Вода Б.Т.(38) од Скопје пријавил дека околу 14 часот, на игралиште во основно училиште на подрачјето на Кисела Вода, неговиот малолетен син, по претходно недоразбирање со друг малолетник, бил физички нападнат од 58-годишната Р.И. од Куманово. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.На 27.03.2023 во СВР Битола, И.С.(27) од Битола пријавил дека на улица „Павел Шатев“ во Битола бил каснат од куче скитник.


На 27.03.2023 во 20
:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека во спортска обложувалница на подрачјето на Гази Баба, едно лице со закана од вработениот одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Надворешната канцеларија за криминалистички работи Делчево поднесе кривична пријава против Б.А.(36), кој моментално е на издржување казна затвор, И.З.(47) и А.М.(51), сите од Скопје, поради постоење основано сомнение за сторени три кривични дела ,,измама”. Пријавените, со намера за себе да прибават противправна имотна корист, со лажно прикажување и прикривање на факти, довеле во заблуда лица од Делчево, од село Град, делчевско и од Македонска Каменица, кои биле оштетени за одредена сума на пари.На 27.03.2023 во СВР Битола, И.Б.(24) од Битола пријавила дека на улица „Мирка Гинова“ во Битола била касната од куче скитник.Одделението за прекуграничен криминал и миграции Скопје поднесе кривична пријава против Ј.Л.(30) од с.Блаце, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „криумчарење’’. На 04.03.2023 кај место викано „Радушки мост“, атар на село Радуша, пријавениот со патничко возило комбе „мерцедес“ преку државната граница пренесувал поголема количина производи без соодветна документација.На 27.03.2023 во 20:39 часот во СВР Скопје било пријавено дека во аптека на подрачјето на Центар, едно лице со закана од вработената одзело пари. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.Денеска во полициска станица во Струмица бил извршен службен разговор со Е.Т.(64) од село Самоилово, постапувајќи по пријава од 27.03.2023 во 11.30 часот според која на 24.03.2023 околу 14 часот, во атар на село Самоилово, струмичко, кај место викано „Караван“. Тој со тврд предмет физички нападнал 43-годишна жена од струмичко село и се обидел да изврши обљуба врз неа. По целосно расчистување и документирање на случајот ќе биде поднесен соодветен поднесок.На 27.03.2023 во СВР Битола, Ѓ.И.(36) од Битола пријавил дека во село Доленци, битолско, нејзиното дете било каснато од куче скитник.свс/

Остани поврзан