• понеделник, 06 мај 2024

МБР Билтен

МБР Билтен

Скопје, 26 април 2024 (МИА) - На 25.04.2024 во 23.45 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје ја лишиле од слобода  Т.И.(18) од село Кадино, скопско,  затоа што кај неа била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 25.04.2024 во 18.45 часот на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода  И.М.(37) од Куманово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 

На 25.04.2024 во 17.20 часот на Граничниот премин Долно Блаце, на влез во државата, полициски службеници го лишиле од слобода В.И.(24) од Косово, затоа што при извршена пасошка контрола и проверка во оперативна евиденција констатирано било дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол Шведска. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Кисела Вода  за понатамошна постапка.  

На 26.04.2024 околу 00.25 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека на регионален пат Валандово – Струмица, на место викано „Валандовско брдо“ се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „голф“ со велешки регистарски ознаки, управувано од К.Т.(31) од Гевгелија и патничко возило „пежо“ со струмички регистарски ознаки, управувано од С.Д.(30) од Струмица. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила С.Д., а со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Медицински центар Гевгелија. Увид на местото извршила екипа на Полициската станица Валандово.

Секторот за внатрешни работи Скопје во текот на вчерашниот ден (25.04.2024) продолжи со контролите во областа на сообраќајот. На територија на град Скопје изречени се вкупно 92 мерки, меѓу кои за 11 мерки за возење без возачка дозвола, четири санкции за користење на мобилен телефон при возење, четири мерки за некористење на сигурносен појас...

На 25.04.2024 во 12.16 часот во ОВР Прилеп било пријавено дека на регионалниот пат Македонски Брод–Прилеп, кај с.Новоселани, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „бмв“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од М.М.(20) од с.Браилово-прилепско и товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т.(43) од Скопје. Во несреќата на местото на настанот починал М.М., а смрт била констатирана од лекар од Итна медицинска помош. Со телесни повреди се здобил К.Т., констатирани во Градската општа болница Прилеп. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од ОВР Прилеп. 

На 25.04.2024 во 19.20 часот во Полициската станица Центар, Л.Ш.(42) од Скопје пријавила дека на  ул.„Вардарска“ во Скопје била касната од куче скитник.  

На 25.04.2024 во 12.00 во Полициското одделение Мирковци, Р.Г.(38) од Скопје пријавил дека во близина на обиколницата Скопје, бил каснат од куче скитник.  

На 25.04.2024 во 14.10 часот во Полициската станица Карпош, К.С.(46) од Скопје пријавил дека на  ул.„Милан Марковиќ“ во Скопје бил каснат од куче скитник. дма/

Фото: МИА архива

 

Тагови

Остани поврзан