• недела, 22 декември 2024

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Кривична пријава против велешанка за употреба на исправа со невистинита содржина

Скопје, 26 април 2026 (МИА) - Велешката полиција поднесе кривична пријава против М.В.(44) од Велес, поради постоење на основи на сомнение за сторено кривично дело „употреба на исправа со невистинита содржина“. 

Како што информираат денеска од МВР, пријавената, на функција директор во општинска јавна установа за деца - детска градинка во Велес, прибавила меѓународно признаен сертификат за познавање на англиски јазик со нејзино име, издадена од училиште за јазици од Пловдив, Бугарија.

Иако знаела дека исправата е со невистинита содржина, М.В. ја употребила како доказ дека поседува меѓународно признаен сертификат при нејзиното аплицирање на Јавен оглас за избор на директор на детската градинка, по што и била именувана на функцијата. сст/дма/

Фото:МИА архива

 

 

 


 
 

Остани поврзан