• недела, 22 декември 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 11 ноември 2024 (МИА) - На 10.11.2024 во Велес полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога при СВР Велес ги лишиле од слобода М.Т.(48) и Ѓ.Д.(39), двајцата од Велес. Околу 09:00 часот, Ѓ.Д. бил затекнат како му продава две пакувања со кафена прашкаста материја на М.Т., кој пак ги проголтал пакувањата откако ги забележал полициските службеници, по што бил пренесен во болница во Велес. Подоцна, со судска наредба, бил извршен и претрес во домот на Ѓ.Д., при што биле пронајдени и одземени 14 пакувања со кафена прашкаста материја и пари. По целосно документирање на случајот, во координација со јавен обвинител, против Ѓ.Д. ќе биде поднесена кривична пријава по член 215 од Кривичниот законик – „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори".

На 10.11.2024 во 21:30 часот во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишиле од слобода Џ.И. (27) од Виница. Тој се сомничи дека истиот ден во угостителски објект на улица „Борис Кидрич“ во Куманово одзел мобилен телефон. Џ.И. бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе следува соодветна пријава.

На 10.11.2024 во 12:00 часот во атар на село Мелница, општина Чашка, полициски службеници од Одделението за криминалистички работи при СВР Велес ги лишиле од слобода Е.М.(50), Е.М.(57) и Е.Ф.(55), сите од село Мелница. Полициските службеници,  во соработка со Шумска полиција Велес, запреле и извршиле контрола на трактор „имт“ со приколка, кој го управувал Е.М.(50), а другите двајца биле сопатници, при што било констатирано дека превезуваат огревни дрва без документација. Дрвата, тракторот и моторна пила биле одземени и предадени на шумска полиција, а лицата биле задржани во полициска станица. Известен е јавен обвинител и по документирање на случајот, ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 10.11.2024 околу 13:30 часот во СВР Струмица било пријавено дека на место викано „Ѓаволски мост“ на планината Беласица, А..Ѓ.(33) од Струмица, управувајќи велосипед, се излизгал и паднал во провалија. Тој бил пренесен во болницата во Струмица за укажување помош, а увид извршила екипа од СВР Струмица.

Hа 10.11.2024, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор „Охридско езеро“, во водите на Охридското езеро реализираа мерки согласно Законот за рибарство и аквакултура. Притоа, на околу 2 километри од брегот на струшкото крајбрежје, помеѓу Струга и селото Калишта, беа пронајдени и одземени три рибарски мрежи со должина од околу 100 метри, околу 10 килограми уловена риба, како и друг риболовен алат. Полициските службеници затекнале две лица од Струга и Радожда кои  управувале пловен објект без пловидбена дозвола, поради што ќе им бидат поднесени соодветни пријави.   

На 10.11.2024 во Гевгелија, полициски службеници од СВР Струмица лишиле од слобода малолетник од Струмица, постапувајќи по претходна пријава дека при физичка пресметка помеѓу повеќе лица на градската депонија во Гевгелија, тој со метален предмет му нанел повреда на М.А.(27) од Кавадарци, со престој во Гевгелија. Лицето било задржано во полициска станица и по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава. 

На 10.11.2024 во 15:25 часот во Скопје, полициски службеници го лишиле од слобода С.К.(80) од Скопје, затоа што околу 14:00 часот во семејниот дом на подрачјето на општина Аеродром физички ги нападнал својата сопруга и 57-годишната ќерка. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.11.2024 во 00:50 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Полициската станица Центар го привеле В.К.(47) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 11.11.2024 во 02:30 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Крсте Асенов“, на подрачјето на Бит Пазар, настанал пожар во патничко возило „шкода октавија“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на Џ.Љ.(49) од Скопје. Од пожарот било зафатено и друго паркирано патничко возило „бмв“ со косовски национални ознаки, како и стакло од угостителски објект. Повредени лица нема, а увид извршила екипа од СВР Скопје.  

Денеска во 03:15 часот во СВР Скопје, А.К.(44) од с.Трубарево, скопско, пријавил дека околу 02:20 часот кај стадионот во населбата Гоце Делчев бил физички нападнат од Д.Г.. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.11.2024 во 13:00 часот во СВР Скопје, 45-годишен маж пријавил дека на 08.11.2024 околу 23:00 часот во семејниот дом во скопско, тој и неговиот татко биле физички нападнати од неговата сопруга Н.Б.(44), која оштетила и дел од покуќнината. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.11.2024 во 11:18 часот во СВР Скопје било пријавено дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу П.У.(25) и К.П.(42), двајцата од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.11.2024 во 17:40 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно недоразбирање во сообраќајот, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу И.Е.(37) од Скопје, од една страна и А.О.(51) и Е.О.(22), двајцата од Република Турција, со привремен престој во Скопје, од друга страна. По целосно документирање на случајот ќе следуваат соодветни поднесоци.

На 10.11.2024 во 13:00 часот во СВР Скопје, М.К. пријавила дека во двор од семејна куќа во с.Шишево, скопско, нејзиниот сопруг А.К.(43) и нејзиниот свекор В.К.(71) биле физички нападнати од нивните соседи Д.Ѓ.(49) и М.Ѓ.(23), сите од с.Шишево. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 10.11.2024 во 17:27 часот во СВР Скопје, Д.С.(45) од Скопје пријавил дека околу 16.30 часот на работното место како обезбедување во трговски центар на подрачјето на општина Аеродром, бил физички нападнат од Г.Н., кого се обидел да го спречи да одземе продукти. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

На 11.11.2024 во 03:17 часот во село Лојане, липковско, полициски службеници од СВР Куманово пронашле 17 лица мигранти од Сирија, од кои еден бил повреден и од екипа на Итна медицинска помош му била укажана помош. Мигрантите биле спроведени во Транзитен центар Табановце и се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 10.11.2024 во 01:15 часот во СВР Битола, И.И. од Битола пријавил дека на ул.„Игњат Атанасовски”, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 10.11.2024 во 10:30 часот во Полициската станица Велес, Л.Ѓ.(38) од Велес, пријавил дека во близина на езеро Младост во Велес бил каснат од куче скитник.

Денеска во 10:30 часот во Полициската станица Гази Баба, В.П.(71) од Скопје пријавила дека на ул.„Разлошка“ во Скопје била касната од куче скитник.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кочани поднесе кривична пријава против С.А.(22) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“ и против С.М.(34) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „овозможување употреба на наркотични дроги“. На 13.02.2023, првопријавениот му продал хероин на друго лице, по што второпријавениот му овозможил заедно да го користат. При преглед кај С.А. бил пронајден и одземен хероин, додека при претрес во неговиот дом, исто така, бил пронајден и одземен хероин.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Кичево поднесе кривична пријава против Д.С.(30) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 02.08.2024 во близина на с. Трапчин Дол, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „фолксваген голф“, управувано од пријавениот, при што кај него биле пронајдени и одземени  марихуана и кокаин.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против В.К.(44) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 20.04.2024 на ул.„Владимир Полежановски“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против К.Л.(28) од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. Во Казнено -  поправната установа Затвор Идризово, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.Ф. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 22.08.2024 на бул.„Климент Охридски“ во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против М.С. од Скопје поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 17.04.2024 на локалитетот Кале во Скопје, полициски службеници извршиле преглед над пријавениот, при што биле пронајдени и одземени марихуана и амфетамин.

СВР Тетово поднесе кривична пријава против К.К.(43) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дела „загрозување на сигурноста“ во врска со семејно насилство и „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 16.08.2024 во семејниот дом, пријавениот физички ги нападнал неговата сопруга и малолетната ќерка.

ОВР Радовиш поднесе кривична пријава против А.А.(35) од Радовиш поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад врз службено лице при вршење работи на безбедноста“. На 22.10.2024 на ул. „Индустриска“ во Радовиш, пријавениот физички нападнал полициски службеник кој извршувал службени дејствија.

СВР Битола поднесе кривична пријава против Т.Б.(31) и И.Б.(18), двајцата од Ресен, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „пустошење на шума“.  На 27.05.2024 на место викано „Речиште“, полициски службеници ги затекнале пријавените како вршат бесправна сеча на дабови дрва.фф/дма/

Фото: МИА Архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан