• вторник, 21 јануари 2025

ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Ковачевски знаеле за криминалот на Груби, но го толерирале и не го гонеле

ВМРО-ДПМНЕ: Заев, Филипче и Ковачевски знаеле за криминалот на Груби, но го толерирале и не го гонеле

Скопје, 22 декември 2024

СДС да и соопштат на јавноста со што толку многу се задолжија кај ДУИ и Груби што и покрај сите факти и докази се уште жестоко го бранат Груби. 

Врската помеѓу СДС и Груби не е ништо повеќе од класична шема на системски криминал во кој СДС и ДУИ ги искористиле државните институции и ги претвориле во механизам за заштита на соптвените криминали. 

И Дуи и СДС и сите знаат дека Лотарија била перална на пари, а Груби правел милионски криминал но молчеле за да не падне владата, молчеле за да опстане коалицијата и да продолжат со криминалот, корупцијата и тендерите во четири очи. 

СДС наместо како аматерски сценаристи секојдневно да смислуваат сценарија и приказни за Груби во кој не веруваат ниту малите деца да го повикаат на одговорност.

Зоран Заев, Венко Филипче, и Димитар Ковачевски знаеле за криминалот на Груби но го толерирале и не го гонеле, за да купат ден повеќе, и да продолжат со криминалот на штета на граѓаните. 

После 7 години, позади плаштот на реториката која ја проектираа СДС-ДУИ како „гарант за реформи, прогрес и институционална правичност“ на површина излезе грубата вистина за СДС како свесни соучесници со ДУИ во најбруталниот грабеж на Македонија. 

Институционалниот хаос кој произлезе од СДС-ДУИ ја доведе Македонија до крајна точка на економска, правна и морална деградација. 

СДС поради политички конформизам не само што го амнестирале Груби туку и овозможиле континуитет на грабежот. 

СДС и ДУИ се  партнери во криминалот.  

Груби како десна рака на Ахмети и втор човек во владата на СДС-ДУИ е симбол на аморален субјект толериран од СДС заради личен профит. 

Бегството на Груби е очајнички обид и признавање на вина за случувањата во Лотарија. 

Одговорност за целосниот колапс на системот мора да има. 

Време е за одговорност, работа и посветеност. 

Време е да се врати интегритетот на институциите, да се унапреди демократијата и завладее правото и правдата.

Центар за комуникации на ВМРО-ДПМНЕ

______________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан