• вторник, 27 август 2024

МВР Билтен (ДПЛ)

МВР Билтен (ДПЛ)

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - СВР - Штип поднесе кривична пријава против Н.Д., на возраст од 52 години и Е.И., на 41-годишна возраст, двајцата од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Во текот на август, пријавените набавиле хероин, што го закопале кај место викано „Шумска куќа“ на патот за село Шашаварлија, штипско, а по преземени мерки бил пронајден и одземен од полициски службеници од Отсекот за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР - Штип.  

Денеска околу 12.25 часот во село Кучевиште, општина Чучер Сандево, полициски службеници од Мобилната единица за компензаторни мерки при Одделот за гранични работи и миграции, запреле и извршиле контрола на товарно возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Б.И., 33-годишно лице од село Сингелиќ, скопско.

При контролата, утврдено било дека возилото не поседува лиценца за јавен превоз и дека му е истечена важноста на тахографскиот уред, додека пак возачот не поседувал возачка дозвола. На возачот му е издаден записник за констатиран прекршок по член .225 став 9 од Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, а од Државниот инспекторат за транспорт, дополнително ќе му биде изречена глоба за истечена важност на тахографскиот уред и непоседување лиценца. 

Вчера околу 7.30 часот на автопатот граничен премин „Табановце“ - Куманово, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин - Табановце го лишиле од слобода Н.Т., на возраст од 39 години од Република Србија, затоа што се однесувал агресивно кон полициски службеници, кои извршувале службени дејствија и претходно, на граничниот премин со патничко возило „нисан“ со српски национални ознаки, поминал на лентата за автобуси и не застанал на пасошка контрола.

Тој бил предаден на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија - Куманово за понатамошна постапка. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Вчера во 13.15 часот на граничен премин Меѓународен аеродром - Скопје, на излез од државата, поради пречекорен престој, полициски службеници го привеле 24-годишното лице - Д.Х.М.М. од Ирак.

Лицето било предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија - Скопје за понатамошна постапка.

Вчера во 15 часот на граничен премин Меѓународен аеродром - Скопје, на излез од државата, поради пречекорен престој, полициски службеници го привеле В.П., 24-годишно лице од Црна Гора.

Лицето било предадено на полициски службеници од Одделението за прекуграничен криминал, миграции, странци и реадмисија - Скопје за понатамошна постапка. 

Вчера во 12.20 часот на железничката станица „Криволак“, при запирање товарен воз што сообраќал на релација граничен премин „Богородица“ - граничен премин „Табановце“, полициски службеници од Полициската станица - Неготино пронашле пет лица - мигранти од Мароко.

Мигрантите биле предадени на полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор - Михајлово за понатамошна постапка.

Утрово во 6.10 часот кај село Смоквица, гевгелиско, при проверка на товарен воз што сообраќал на релација граничен премин „Богородица“ до село Трубарево, скопско, полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор и граничен премин - Богородица пронашле две лица мигранти, кои биле предадени во прифатно - транзитен центар во Гевгелија.

Завчера во 22.30 чaсот, полициски службеници од СВР - Битола ги лишиле од слобода П.К., 41-годишно лице од село Олевени, битолско и Т.В., на возраст од 43 години од градот, постапувајќи по претходна пријава дека околу 20.50 часот во селото, пукале од огнено оружје.

Полициски службеници извршиле увид и на местото биле пронајдени седум чаури од пиштолска муниција. Подоцна, од Т.В. биле одземени пиштол калибар 9мм, рамка за пиштолот, куршуми со калибар 9 мм и чаура. По целосно расчистување и документирање на настанот, ќе следува соодветна пријава.

Денеска во 5.10 часот, полициски службеници од ОВР - Берово го лишиле од слобода 23-годишниот М.К. од овој град, затоа што пред угостителски објект, физички нападнал еден од полициските службеници кои вршеле службени дејствија.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Денеска во СВР - Скопје било пријавено дека околу 2.10 часот на подрачјето на Центар, неколку лица физички ги нападнале М.Б., на возраст од 20 години и Д.С., 19-годишно лице, двајцата од главниот град на државава, а со тврди предмети го оштетиле и возилото „фиат пунто“ со скопски регистарски ознаки, во кое се превезувале.

Се преземаат мерки за расчистување на настанот.

Денеска во 1.30 часот во СВР - Скопје, А.Б., 68-годишен скопјанец пријавил дека околу 00.45 часот на подрачјето на Бит Пазар, бил физички нападнат од едно лице.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Вчера во 15.45 часот во СВР - Скопје, А.Б., 48-годишен скопјанец пријавил дека на подрачјето на Центар бил физички нападнат од Џ.А..

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 19.20 часот во СВР - Скопје, Ѓ.М., 41-годишно лице од село Долно Количани, скопско, пријавил дека на 23 август околу 18.40 часот во селото, неговиот малолетен син бил физички нападнат од К.С., на возраст од 40 години.

По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок.

Вчера во 10.30 часот во Полициската станица - Пробиштип, Д.К., 68-годишник од Штип, пријавил дека во село Кундино, пробиштипско, при чистење на смет, пронашол два неиспукани куршума.

Полициски службеници ги подигнале куршумите за понатамошна постапка.

Синоќа во 23.20 часот во СВР - Скопје, Д.А., 44-годишен скопјанец, пријавил дека околу 22 часот на подрачјето на општина Аеродром, двајца малолетници со закана одзеле пари од неговиот малолетен син.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.   

Синоќа во 20 часот во СВР - Скопје било пријавено дека пред станбена зграда на подрачјето на Бит Пазар, бил пронајден починат И.Ф., 66-годишен скопјанец.

Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила увидна екипа од СВР - Скопје. По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот било дадено на обдукција.

Триесет и шестгодишна жена од скопско, во СВР - Скопје пријавила дека на 27 јули, Р.Ж. од главниот град на државава, додека ја возел нејзината малолетна ќерка, на возраст од 17 години, кон дома со неговото возило, која го познавала од порано, ја гушнал и бакнал нејзината ќерка.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

Синоќа во 23.30 часот во ОВР - Македонски Брод, 67-годишниот П.Д. пријавил дека на улицата „Партизанска“ бил каснат од куче скитник.

СВР - Струмица поднесе кривична пријава против С.Ѓ., 29-годишно лице од овој град, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

На 29 февруари во село Ангелци, струмичко, полициски службеници извршиле преглед над друго лице, при што била пронајдена и одземена марихуана, што ја набавил од пријавениот.

СВР - Штип поднесе кривична пријава против Е.Ј., 33-годишно лице од овој град, Р.Е., на возраст од 39 години од Битола и С.К., на 37-годишна возраст од Кочани, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“.

Пријавените, осуденици во Казнено - поправната установа „Затвор - Штип“ набавувале марихуана. Во август 2023, полициски службеници извршиле преглед над Е.Ј., при што била пронајдена и одземена марихуана, а исто така и во близина на теретаната во установата била пронајдена и одземена марихуана.

ОВР - Кичево поднесе кривична пријава против М.К., 33-годишен битолчанец, поради постоење основи на сомнение за сторени кривични дели „загрозување со опасно орудие при тепачка или караница“ и „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи“.

На 31 јули во домот на неговата поранешна девојка, пријавениот упатувал закани со пиштол кон неа и нејзината мајка, а од извршен преглед кај него, бил пронајден и одземен пиштол ЦЗ 7.65 со празна рамка, додека во возилото што го управувал била пронајдена и одземена кутија со куршуми калибар 7.65мм.

СВР - Битола поднесе кривична пријава против С.К., 28-годишничка од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „напад на службено лице при вршење работи на безбедноста“.

На 21 јуни во Прилеп, пријавената физички нападнала полициски службеник кој извршувал службени дејствија. бд/аа/

Фото: МИА архива

Остани поврзан