• понеделник, 26 август 2024

МВР-билтен

МВР-билтен

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - Денеска (26.08.2024) во 00.45 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Л.П.(21) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.08.2024 во 21.00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Н.Н.(31) од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и бела грутчеста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.08.2024 во 08.40 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода О.А.(20) од Косово, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.08.2024 во 20.10 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.С.(46) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена бела прашкаста материја. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.08.2024 во 13.55 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје лишиле од слобода малолетник од Скопје, затоа што кај него биле пронајдени и одземени марихуана и боксирач. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.08.2024 во 12.50 часот во с.Глумово, Скопско, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Г.А.(28) од Скопје, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.08.2024 во 02.20 часот на бул.„Трета македонска ударна бригада“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово ги лишиле од слобода Б.А.(22) и А.А.(24), двајцата од с.Романовце, Кумановско, затоа што кај нив биле пронајдени и одземени марихуана и прашкаста материја. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 26.08.2024 во 01.30 часот на ул.„27 Март“ во Струга, полициски службеници од ОВР Струга го лишиле од слобода Р.Л.(37) од с.Горно Јаболчиште, општина Чашка, затоа што кај него била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.  

Денеска (26.08.2024) во 03.20 часот во Скопје, на подрачјето на Бит Пазар, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишиле од слобода Х.Х.(47) од Република Турција затоа што кај него биле пронајдени и одземени пиштол „јавуз 16 компакт“ и рамка со 15 куршуми 9 мм. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 25.08.2024 во 14.50 часот на Граничниот премин Богородица, полициски службеници го лишиле од слобода Е.Ц.(27) од Република Албанија затоа што при извршена пасошка контрола и проверки било констатирано дека евидирал со мерка „апси“ по барање на Интерпол, Луксембург. Тој бил предаден на полициски службеници од Полициската станица Гевгелија за понатамошна постапка.

На 25.08.2024 околу 14.10 часот во СВР Тетово било пријавено дека на регионален пат Тетово - Гостивар, во с.Калник, Тетовско, се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „сеат“ со тетовски регистaрски ознаки, управувано од А.И.(46) од с.Ново Село, Тетовско и патничко возило „фолксваген голф“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од Ј.А.(62) од с.Пршовце, Тетовско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле сопатниците во возилото „сеат“, М.И.(46) и малолетник, додека со телесни повреди се здобиле возачите А.И. и Ј.А. и сопатниците во возилото „сеат“ Д.С.(23) и Е.Г.(26), констатирани во Клиничка болница Тетово. Увид на местото на несреќата извршила екипа од СВР Тетово.

Денеска (26.08.2024) во 01.07 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„Бутелска“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „ауди а7“ со германски национални ознаки, управувано од С.А.(54) од с.Грчец, Скопско и мотоцикл „хонда“ со скопски регистарски ознаки, управуван од Љ.Т.(20) од с.Љубанци, Скопско. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 24.08.2024 во 07.20 часот во СВР Скопје било пријавено дека на ул.„4“во с.Ржаничино, Скопско, патничко возило „фолксваген“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Ѓ.М.(31) од с.Петровец, удрило во малолетен пешак од с.Ржаничино. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил пешакот, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.

На 25.08.2024 во 22.45 часот во СВР Куманово било пријавено дека на локалниот пат кој води за с.Речица, Кумановско, мотоцикл со кумановски регистарски ознаки, управуван од Ф.Н.(36) од Куманово, излетал надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во Општата болница Куманово. Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Куманово.

На 25.08.2024 во 19.00 часот во ОВР Струга било пријавено дека на регионалниот пат Подмољје - Струга, патничко возило „фолксваген голф“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.М.(36) од с.Батинци, Скопско, излетало надвор од коловозот. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобиле двајца малолетни сопатници, додека со телесни повреди се здобиле сопатниците Н.З.(27), малолетник и возачот, констатирани во Медицинскиот центар Струга. Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Струга.

На 25.08.2024 во 12.20 часот во Полициската станица Центар, А.Ф.А.(42) од Шпанија пријавила дека на плоштад „Македонија“, нејзиниот малолетен син бил каснат од куче.

На 25.08.2024 во 23.45 часот во Полициското одделение Осломеј, М.Б.(40) од село Осломеј, Кичевско, пријавил дека во село Осломеј бил каснат од куче скитник. мд/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан