• сабота, 21 декември 2024

Димитровска за МИА: Отворивме предмет за наводите против поранешната министерка за култура

Димитровска за МИА: Отворивме предмет за наводите против поранешната министерка за култура

Скопје, 26 август 2024 (МИА) - Државната комисија за спречување на корупцијата денеска отвори предмет по допрен глас за да се утврдат наводите за злоупотреба на буџетски пари од страна на поранешната министерка за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска. 

Претседателката на Антикорупциската комисија Татјана Димитровска во изјава за МИА вели дека утре ќе го испратат барањето за обезбедувањето на документацијата.

ВМРО-ДПМНЕ од вчера почна со прес-конференции наречени „Бисера Антоанета“ на кои тврди дека поранешната министерка за култура на службени патувања трошела буџетски средства за приватни цели.  

Костадиновска-Стојчевска денеска на прес-конференција рече дека ќе одговара, ако се утврди неправилност, а во спротивно најави тужба против ВМРО-ДПМНЕ. бак/аа/

Фото: МИА архива

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан