МВР Билтен (ДПЛ)
- На улица „Ѓорче Петров“ во Тетово, на 15.09.2024 во 01:15 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.С.(65) од село Голема Речица, кај кого бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
Скопје, 15 септември 2024 (МИА) - На улица „Ѓорче Петров“ во Тетово, на 15.09.2024 во 01:15 часот полициски службеници од СВР Тетово го лишиле од слобода Е.С.(65) од село Голема Речица, кај кого бил пронајден и одземен кокаин. Тој е задржан во полициска станица и по документирање на случајот, против него ќе следува соодветен поднесок.
На 14.09.2024 во 22:20 часот во Валандово полициски службеници од СВР Струмица-ОВР Валандово го лишиле од слобода З.К.(40) од Валандово поради сомнение дека околу 21:40 часот во Валандово подметнал пожар на патничко возило „опел“ со валандовски регистарски ознаки, сопственост на Д.Б. (35) од Валандово. З.К. претходно и телефонски му упатувал закани на Д.Б.. З.К. е задржан во Полициската станица Валандово, извршен е претрес во неговиот дом и по документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава до ОЈО Гевгелија.
ОВР Прилеп поднесе кривична пријава против Д.А.(28), Б.Р.(24) и А.И.(45), сите од Прилеп, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“. На 21.07.2024 пријавените физички го нападнале Ј.М.(50) од Прилеп во неговиот дом, при што употребиле и метален предмет.
Надворешна канцеларија за криминалистички работи Крива Паланка поднесе кривична пријава против С.П.(37) од Крива Паланка поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 03.09.2024 во семејната куќа во кривопаланечко, пријавениот физички ја нападнал неговата поранешна сопруга.
СВР Штип поднесе кривична пријава против С.И.(19) од Штип поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.04.2024, полициски службеници ја забележале пријавената како на друго лице дава марихуана, која подоцна била одземена од лицето.
СВР Струмица поднесе кривична пријава против К.Ѓ.(30) и А.М.(24), двајцата од Струмица, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 04.03.2024, пријавените договориле средба за продажба на марихуана на други лица, која била пронајдена и одземена од страна на полициски службеници.
СВР Битола поднесе кривична пријава против И.Н.(29) од Битола поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 15.02.2024, полициски службеници извршиле претрес во домот на пријавениот, при што била пронајдена и одземена марихуана.
Денеска (15.09.2024) во 09:40 часот од страна на полициски службеници од СВР Штип, на подрачје на Штип е приведен Т.З.(46) од Штип, кој бил баран по наредба од Затвор Струмица поради бегство од КПУ. Во 12:15 часот лицето е предадено во Затвор Струмица.
На 14.09.2024 во 12:15 часот во СВР Скопје, З.К.(45) од Скопје пријавил дека околу 11:30 часот на подрачјето на Кисела Вода, неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.Г.(55) од Скопје, кој претходно агресивно се однесувал кон пријавителот и неговиот малолетен син. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (15.09.2024) во 2 часот во СВР Куманово, П.П.(31) од село Лопате, кумановско, пријавил дека околу 01:00 часот, пред угостителски објект во Куманово, бил физички нападнат од неколку лица. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Денеска (15.09.2024) во 03:30 часот, пред угостителски објект во Градски парк Скопје, полициски службеници од СВР Скопје привеле двајца малолетници од Скопје кои се однесувале агресивно кон полициски службеници додека тие извршувале службени дејствија. По документирање на случајот ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
Денеска (15.09.2024) во 01:30 часот во СВР Скопје, С.Ц.(47) од село Булачани, скопско, пријавил дека претходниот ден (14.09.2024) во 23:15 часот во село Виниче неговиот малолетен син бил физички нападнат од М.З. од село Виниче, скопско. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.09.2024 во 11 часот во СВР Скопје било пријавено дека во населбата Дрма, општина Петровец, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу две женски лица -Ј.М.Т.(48) од Тетово и М.С.(50) од Скопје. По документирање на случајот, ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
На 13.09.2024 во 08.30 часот во СВР Скопје, Р.С.(36) од Скопје пријавил дека истиот ден во 08:10 часот во објект во изградба во населбата Илинден, општина Петровец, во сопственост на правен субјект, по претходно нарушени меѓусебни односи, бил физички нападнат од својот колега М.З.. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.
На 14.09.2024 во СВР Скопје било пријавено дека околу 03:30 часот во Скопје, на територија на Ѓорче Петров, било опожарено патничко моторно возило „голф“ со скопски регистерски ознаки, сопственост на Д.Д.(30) од Скопје. Извршен е увид од СВР Скопје и се преземаат мерки за расчистување на случајот.
На 14.09. 2024 во 19.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека во обложувалница во Скопје, едно лице со закана со остар предмет од вработениот одзело пари. Се работи на расчистување на случајот.
На 14.09.2024 во 18:50 часот било пријавено дека во аптека на територија на општина Аеродром, едно лице со закана со остар предмет, од вработената одзело пари. Се работи на расчистување на случајот.
На 14.09.2024 во 19:45 часот во Полициската станица Берово, Д.К.(21) од село Смојмирово, беровско, пријавил дека истиот ден околу 19.35 часот во дворно место од семејната куќа бил физички нападнат од неговиот сосед Г.К. од истото село. Од страна на полициски службеници на лицето му е сочинет записник за констатиран прекршок по чл. 12 ст. 1 од ЗППЈРМ.ар/
Фото: МИА архива