• сабота, 22 февруари 2025

МВР-билтен (ДПЛ)

МВР-билтен (ДПЛ)

Скопје, 13 јануари 2025 (МИА) - На 12.01.2025 во 23.25 часот во Скопје, на подрачјето на Центар, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Д.К.(46) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.01.2025 во 19.20 часот во СВР Скопје, С.А.(44) од Скопје пријавил дека во 19.02 часот на работното место како контролор во автобус на ЈСП Скопје на подрачјето на Центар бил физички нападнат од едно машко лице кое немало билет. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.01.2025 во 22.20 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го привеле Т.Ј.(55) од Скопје, затоа што агресивно се однесувал кон полициски службеници кои извршувале службени дејствија. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

На 12.01.2025 во 14.40 часот во СВР Скопје, А.А.(41) од Скопје пријавила дека на 11.01.2025  околу 23.30 часот на подрачјето на Центар, нејзината малолетна ќерка била физички нападната од друга малолетничка, која ја познавала. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.01.2025 во 23.30 часот во СВР Скопје, С.С.(46) од Скопје пријавил дека околу 21.00 часот на подрачјето на Чаир, неговиот малолетен син бил физички нападнат од друг малолетник. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.01.2025 во 10.15 часот во СВР Скопје, В.Ј.(74) од с.Волково, Скопско, пријавила дека околу 08.40 часот на подрачјето на Ѓорче Петров, едно лице со употреба на физичка сила ѝ ја одзело чантата со паричник, документи, пари и мобилен телефон. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 12.01.2025 во 10.00 часот во СВР Битола, М.Ј.(50) од Битола пријавила дека на ул.„Даме Груев” во Битола, нејзината малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 12.01.2025 во 11.03 часот во ОВР Демир Хисар, О.К.(46) од Демир Хисар пријавил дека пред неговата куќа во Демир Хисар, неговата малолетна ќерка била касната од куче скитник.

На 13.01.2025 во 02.00 часот, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишиле од слобода С.Б.(44) од Кавадарци, постапувајќи по претходна пријава дека на ул.„Ѓорѓи Соколов“ во Кавадарци, по кратка расправија, физички го нападнал Б.Ч.(32) од Кавадарци и го удирал со пиштол по главата. С.Б. бил приведен во полициска станица, а пиштолот бил одземен. Известен бил јавен обвинител и по документирање на настанот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Регионалниот центар за гранични работи Југ поднесе кривична пријава против А.Ш.(32) од Студеничани, скопско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „криумчарење мигранти“. На 27.09.2024 на влез во с.Богородица, гевгелиско, пријавениот бил забележан од полициски службеници дека превезува мигранти, по што побегнал. На 24.12.2024 тој бил лишен од слобода и од судија на претходна постапка му е одредена мерка притвор во траење од 30 дена. 

СВР Велес поднесе кривична пријава против П.К.(18) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 03.01.2025 на седиште во автобус кој сообраќал на релација Скопје - Велес, пријавениот оставил торба со марихуана која била пронајдена и одземена од полициски службеници при СВР Велес.

СВР Велес поднесе кривична пријава против С.К.(27) од Велес поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурзори“. На 05.01.2025 на патарина кај Сопот, полициски службеници извршиле преглед на патничко возило „мерцедес“, во кое се превезувал пријавениот, при што бил пронајден и одземен хероин.

СВР Велес поднесе кривична пријава против О.Т.(75) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје и експлозивни материи“. На 02.12.2022 полициски службеници извршиле претрес во домот и други простории кај пријавениот, при што биле пронајдени и одземени два пиштоли „ЦЗ“ и пневматски пиштол, како и 82 куршуми различен калибар, кои ги поседувал без дозвола. 

СВР Охрид поднесе кривична пријава против А.Ф.(27) од Дебар поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанции и прекурсори“. При преглед извршен во ноќен клуб на булеварот „Железничка“ во Охрид, полициските службеници од Одделението за недозволена трговија со дрога при СВР Охрид, кај него пронајдоа и одзедоа кокаин. мд/

Фото: Општина 

 

 

 

 

 

Остани поврзан