• вторник, 10 септември 2024

МВР Билтен 

МВР Билтен 

Скопје, 18 февруари 2021 (МИА) - На 17.02.2021 во 22.50 часот, полициски службеници од СВР Скопје на подрачјето на Гази Баба го лишиле од слобода Ј.Д.(24) од Скопје, затоа што при извршен преглед кај него била пронајдена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 17.02.2021 во 21.00 часот, во близина на угостителски објект лоциран на магистралниот пат Кичево-Охрид, од страна на полициски службеници е извршен преглед врз Е.В.(21) од Кичево, при што била пронајдена и одземена марихуана. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. На 17.02.2021 во 01.25 часот во СВР Скопје било пријавено дека на 16.02.2021 околу 21.30 часот, на подрачјето на Гази Баба, од полициски службеници од СВР Скопје, при извршен преглед кај М.Ј.(26) од Скопје, биле пронајдени четири ножеви на расклопување. Тој бил приведен, поради сомнение за сторен прекршок од Законот за оружје. По документирање на случајот, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок. Полициски службеници на СВР Тетово - Полициска станица за безбедност на патниот сообраќај Тетово на 17.02.2021 презеле  вкупно 48 мерки, од кои 26 се однесувале на непрописно паркирање. На прекршителите изготвени им се соодветни поднесоци, а 5 возила биле подигнати од тетовската „пајак-служба“. Покрај ова, откриени и санкционирани се и 6 возила кои не ја прилагодиле брзината според условите на патот, 5 возачи кои користеле мобилен телефон додека управувале возила и други видови прекршоци. На 17.02.2021 во 23.00 часот, при преглед во патничко возило „голф“, со кичевски регистарски ознаки, управувано од Д.Т.(22) од Кичево, полициски службеници пронашле и одзеле најлонска ќеса со марихуана. Против него, ОВР Кичево ќе поднесе соодветна пријава. На 17.02.2021 во 12.20 часот во СВР Велес, Н.Т.(45) пријавил дека на ул.„А.Шурков“ во Велес бил каснат од куче скитник. На 17.02.2021 А.Ш.(29) од кичевското село Грешница, во полициската станица пријави дека на ул.„Гоце Делчев“ во Кичево, бил каснат од куче скитник. бт/дма/

Остани поврзан