Мбапе би можел да го пропушти финалето на Купот со Барселона
- Голем проблем за Реал Мадрид во пресрет на саботното финале во Копа дел Реј против Барселона, откако има големи шанси ѕвездата на тимот, Килијан Мбапе да го пропушти „Ел Класико“ поради повредата што ја заработи минатата среда во Лигата на шампионите.

Мадрид, 22 април 2025 (МИА) - Голем проблем за Реал Мадрид во пресрет на саботното финале во Копа дел Реј против Барселона, откако има големи шанси ѕвездата на тимот, Килијан Мбапе да го пропушти „Ел Класико“ поради повредата што ја заработи минатата среда во Лигата на шампионите.
Како што изјави тренерот Карло Анчелоти, францускиот напаѓач се уште го мачат последиците од повредата од мечот со Арсенал и поради тоа нема да може да биде на располагање за утрешниот дуел против Хетафе (21.30 часот), додека Мбапе, исто така, е неизвесен за финалето на Кралскиот куп.
-Тој се мачи со повреда и не може да му помогне на тимот. Се повреди на натпреварот против Арсенал минатата среда и оттогаш е на терапија. Прави се за да биде на располагање во сабота, изјави тренерот на Реал, Карло Анчелоти на денешната прес-конференција.
Мбапе не играше против Атлетик Билбао во неделата поради суспензија. дс
Фото: Архива