• петок, 05 декември 2025

Барселона се обидува да потпише со Луис Дијаз од Ливерпул

Барселона се обидува да потпише со Луис Дијаз од Ливерпул

Барселона, ​​13 јуни 2025 (МИА) - Шпанскиот клуб Барселона продолжува да се стреми да ги среди своите финансии додека се подготвува да се обиде да потпише со Луис Дијаз од Ливерпул во летниот преоден рок, пишува весникот „Мундо Депортиво“, додавајќи дека клубот од Ла Лига веројатно ќе мора да се раздели со неколку играчи за да ги испочитува правилата за финансиски фер-плеј.

Покрај тоа, договорите на некои играчи што Барселона веќе ги продаде имаат клаузули за следната продажба што би можеле да обезбедат дополнителен приход. Франциско Тринкао од Бенфика, Оскар Мингеса од Селта Виго и Мика Мармол од Лас Палмас имаат клаузула за продажба од 50 отсто во нивните договори.

Управата на Барселона позитивно ја започна својата работа во летото откако заштеди 20 милиони евра со трансферот на Клемент Ленгле во Атлетико Мадрид. Каталонците се надеваат и дека ќе го продадат Ансу Фати во блиска иднина, што треба да обезбеди клубот да нема проблеми со потпишувањето нови играчи. дс

Фото: Архива

Остани поврзан