• понеделник, 23 декември 2024

Маркоска: Се грижиме за правата на работниците, растат платите, невработеноста опаѓа

Маркоска: Се грижиме за правата на работниците, растат платите, невработеноста опаѓа
1 мај 2022 
Почитувани граѓани, почитувани работници и работнички,
Нека е честит 1 Мај - Меѓунардониот ден на трудот.
Овој ден е добра можност да се потсетиме на она што СДСМ преку инситуциите го прави за нашите работници, за нашата домашна економија.
Вложувањето во човечкиот капитал уште од првите недели од владеењето на СДСМ е врвен приоритет.
Преку отворен и инклузивен дијалог, за само четири и пол години минималната плата успеавме да ја зголемиме двојно.
Ако минималната плата во 2017 во поедини дејности изнесуваше 8.800 денари, денес тааизнесува 18.000 денари во сите дејности.
Важно е да се напомене дека последното зголемување на минималната плата од 15.200 денари на 18.000 се реализира во време на најголема светска економска криза.
Со растот на минималната плата, следува зголемување на сите плати во сите сектори во период од шест месеци, согласно членот 8 од Законот за минимална плата.
Грижата за работниците не е само зголемување на платите, туку и унапредувањето на работничките права.
Денес, работниците се позаштитени, имаат поголема економска и правна сигурност на своите работни места, а се регулираат и нестандардните форми на вработувања.
Денес, недела навистина е неработен ден за 92 отсто од работниците, а оние кои работат во недела добиваат повисоки дневници и со тоа поголема плата на крајот од месецот.
Владата предводена од СДСМ покажува вистинска грижа како за младите работници, така и за работниците кои со децении работеле а имаа потешкотии да го наплатат својот труд.
По 3.000 денари добиваат сите млади до 23 години вработени во производството, претходно го решивме статусот на стечајните работници а обезбедивме државна социјална пензија за оние граѓани кои не ги исполнуваа условите за стекнување старосна пензија.
Преку одговорни економски политики, обезбедивме отворање на нови и добро платени работни места и намалување на стапката на невработеност која денес изнесува под 16 отсто.
Борбата за унапредување на работничките права е постојан и двонасочен процес.
Затоа Владата предводена од СДСМ е во постојан контакт со синдикатите и работодавците за низ социјален дијалог да се дојде до решенија кои значат подобри услови за работа.
Како одговорна партија продолжуваме со вистинска грижа за работниците, затоа што тие и нивниот труд се гарант за стабилна економија и забрзан економски раст.
Прес-конференција на Даниела Маркоска, пратеничка на СДСМ
__________________________________________________________________________ МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

Остани поврзан