• понеделник, 23 декември 2024

Мариса Абела како Ејми Вајнхаус во биографскиот филм „Back to Black“

Мариса Абела како Ејми Вајнхаус во биографскиот филм „Back to Black“

Лос Анџелес, 12 јануари 2024 (МИА) - Мариса Абела ќе ja глуми легендарната покојна поп-пејачка Ејми Вајнхаус во претстојниот биографски филм „Враќање кон црнината“ (Back to Black) насловен по една нејзина песна и називот на албумот.

Во првиот кус трејлер на филмот во режиja Сем Тејлор-Џонсон, се најавуваат подемот и падовите на Вајнхаус, која почина на 23 јули 2011., на 27-годишна возраст по случајно труење со алкохол.

Прикажувањата на филмот се закажани за 10 мај.  си/ссм/

Фото: ИМДБ

 

Остани поврзан