• недела, 22 декември 2024

Маринакис: Оксиморон е едната страна да бара од другата да го изоди целиот пат, од моментот кога не го почитува ерга омнес името

Маринакис: Оксиморон е едната страна да бара од другата да го изоди целиот пат, од моментот кога не го почитува ерга омнес името

Атина, 13 јуни 2024 (МИА) - Оксиморон е едната страна да бара од другата да го изоди целиот пат, од моментот кога ги нема изодено првите метри, што се однесуваат на првото и основното, ерга омнес за името, рече портпаролот на грчката Влада Павлос Маринакис на денешниот редовен брифинг со новинарите, одговарајќи на прашањето на дописничката на МИА од Атина за изјавата на мандатарот за состав на Влада Христијан Мицкоски дека Договорот од Преспа треба да се почитува и имплементира и од јужниот сосед.

-Кога постои една релација што треба да ја изодат две страни, мислам дека е малку оксиморон едната страна да бара од другата да ја заврши рутата, кога ги нема изодено ни првите метри. Првото и основното е ерга омнес името. Ова е нешто што ако не го видиме да се манифестира од сите аспекти од Северна Македонија, ние нема да ја завршиме оваа рута и тоа се подразбира. Секако ќе беше штетно за нашата земја, ако размислуваме да следиме поразлична тактика, рече Маринакис на прашањето на МИА за обврските што ги има грчката страна и што се однесуваат не само на меморандумите, туку и како на пример таблите на автопатите во земјата.

Портпаролот на грчката Влада додаде дека тие „на сите начини и на сите нивоа на Северна Македонија ѝ ги искажале нивните намери“ и уште еднаш повтори дека иако сметале и сметаат „дека е лош договор Договорот од Преспа“, ќе го почитуваат и ќе го спроведуваат според „логиката на континуитетот на државата“.

-Северна Македонија, за почеток треба да ги почитува основните работи на Договорот, а во продолжение да го поминеме патот. Ако не се случи тоа, ние нема да брзаме и да бидеме подготвени повеќе од тоа што го наметнува националниот интерес, додаде Маринакис. ср/ац/

Остани поврзан