• понеделник, 22 јули 2024

Манчестер jунајтед и Ливерпул ќе играат на 13 мај

Манчестер jунајтед и Ливерпул ќе играат на 13 мај
Лондон, 5 мај 2021 (МИА) – Премиер лигата го објави датумот на одложениот натпревар меѓу Манчестер јунајтед и Ливерпул. Средбата ќе се одржи на 13 мај. Првично натпреварот требаше да се одигра на 2 мај, но беше откажан поради протестите на навивачите на Јунајтед против сопствениците на клубот, семејството Глејзер. За време на акцијата навивачи упаднаа на теренот на „Олд Трафорд“. Нов датум доби и натпреварот Манчестер јунајтед - Лестер закажан за 12 мај. Средбата ќе се одигра еден ден порано, на 11 мај. зс/

Остани поврзан