• петок, 28 јуни 2024

Манчестер сити би можел да му понуди на Дибала договор од 10 милиони евра годишно

Манчестер сити би можел да му понуди на Дибала договор од 10 милиони евра годишно
Рим, 27 јануари 2022 (МИА) – Фудбалерот на Јувантус, Пауло Дибала летово би можел да го напушти клубот како слободен играч. Манчестер сити може да му понуди на Аргентинецот договор од 10 милиони евра годишно, повеќе од кој било друг друг клуб во моментов. Тренерот на граѓаните Пеп Гвардиола инсистира на трансфер на напаѓачот, пишува „La Gazzetta dello Sport“. Интерес за 28-годишниот Аргентинец покажуваат и Ливерпул, Тотенхем и Интер. Дибала практично се договори со Јувентус за плата од 10 милиони евра, но тогаш торинскиот клуб ги промени условите на преговорите. На состанокот со Пауло во февруари ќе му биде понудена помала плата. „Tuttosport“ објави дека на напаѓачот ќе му биде понудено намалување на платата за 15%. Дибала за Јувентус игра од 2015 година, тој беше купен од Палермо за 40 милиони евра. На 276 натпревари за торинскиот клуб, Пауло постигна 111 голови. зс/

Остани поврзан