• недела, 22 декември 2024

ЕВРО2024: Грузијците наградени со 10.7 милиони долари од поранешниот премиер Иванишвили

ЕВРО2024: Грузијците наградени со 10.7 милиони долари од поранешниот премиер Иванишвили


Тбилиси, 28 јуни 2024 (МИА) – Основачот на грузиската владејачка партија, милијардерот и поранешен премиер Бидзина Иванишвили, најави дека ќе донира 10,7 милиони долари за националниот фудбалски тим како награда за победата над Португалија и пласманот во осминафиналето на ЕВРО2024.
Во соопштението за печатот, неговата грузиска партија соопшти дека Иванишвили му честитал на националниот тим и ветил пари од неговиот хуманитарен фонд како признание за, како што рече, „победа од соништата“.
Иванишвили, чие богатство се проценува на 4,9 милијарди долари, вети дополнителни 10.7 милиони долари доколку Грузија ја победи Шпанија во осминафиналето.
Роден во Грузија, Иванишвили се збогати во Русија во текот на 90-те години од минатиот век, пред да се врати дома и да ја основа партијата Грузиски сон во 2011 година. Победи на изборите во 2012 и една година ја извршуваше премиерската должност. ег ФОТО: УЕФАЕВРО2024

Остани поврзан