• петок, 28 јуни 2024

Ферстапен најбрз на единствениот тренинг пред ГН на Австрија

Ферстапен најбрз на единствениот тренинг пред ГН на Австрија

 

Шпилберг, 28 јуни 2024 (МИА) – Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, беше најбрз на денешниот прв и единствен тренинг пред трката во Формула 1 за Големата награда на Австрија.

Актуелниот светски првак постигна време од 1:05,685 минути и беше за 0,276 секунди побрз од Оскар Пјастри во Мекларен и 0,370 секунди од возачот на Ферари, Шарл Леклер.

Четврто време оствари вториот возач на Ферари, Шарл Леклер, а петти беше Луис Хамилтон (Мерцедес).

Стартот на трката за Големата награда на Австрија е закажан за в недела во 15:00 часот. ег ФОТО: Фејсбук

Остани поврзан