• сабота, 12 јули 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Манасиевски:Eврокомесарката Марта Кос потврди дека нема гаранции дека ова се последните бугарски барања

Манасиевски:Eврокомесарката Марта Кос потврди дека нема гаранции дека ова се последните бугарски барања

Скопје, 22 април 2025

Димитар Ковачевски како премиер и претседател на СДС тврдеше дека уставните измени се последна пречка за влез на Македонија во ЕУ.

СДС водеше кампања со која не убедуваше дека само што не сме влегле во ЕУ, а пречка за тоа се уставните измени, после кои се ќе се смени.

ВМРО-ДПМНЕ уште тогаш кажа дека СДС, Ковачевски, Маричиќ, Зечевиќ и Османи лажат. И дека уставните измени се само почеток на бугарските барања.

Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборуваше, сега го кажаа и од ЕУ, односно еврокомесарката Марта Кос, потврди дека нема гаранции дека ова се последните бугарски барања.

Еврокомесарката Кос кажа дека не може да потврди дека нема да има нови блокади заради билатерални прашања.

Каде се СДС сега? Каде се сокрија? Откако ја доведоа државата во безизлезна ситуација тие се кријат и молчат.

Прес-конференција на Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ
_______________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

 

 

Остани поврзан