• петок, 05 декември 2025

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе се обрати на централната прослава на 2 Август во Крушево

Претседателката Сиљановска-Давкова ќе се обрати на централната прослава на 2 Август во Крушево

Скопје, 1 август 2025 (МИА) - Под покровителство на претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, утре на „Мечкин Камен“ во Крушево ќе се одржи централната прослава по повод 2 Август – Денот на Републиката.

Чествувањето ќе започне во 9:30 часот со положување свежо цвеќе на гробот на Никола Карев, пред Меморијалниот центар „Македониум“. Во 10:00 часот ќе биде оддадена почит на Споменикот на хероите на месноста „Слива“, а во 10:30 часот ќе се одржи панихида во храмот „Св. Никола“.

Централната манифестација на „Мечкин Камен“ е закажана за 12:00 часот. Претседателката Сиљановска-Давкова ќе положи свежо цвеќе и ќе се обрати пред граѓаните и делегациите кои ќе присуствуваат на одбележувањето на големиот национален празник. дма/мд/

Фото:МИА архива

Остани поврзан