Премиерот Мицкоски на големиот празник 2 Август - Денот на Републиката – Илинден во Скопје
- По повод чествувањето на 2 Август – Денот на Републиката – Илинден, премиерот Христијан Мицкоски, утре ќе оддаде почит на неколку значајни локации во Скопје.
Скопје, 1 август 2025 (МИА) - По повод чествувањето на 2 Август – Денот на Републиката – Илинден, премиерот Христијан Мицкоски, утре ќе оддаде почит на неколку значајни локации во Скопје.
Полагањето цвеќе ќе започне во 10:00 часот пред споменикот на претседателот на Крушевската Република, Никола Карев пред Собранието. Во 10:20 часот, премиерот ќе положи цвеќе на споменикот на АСНОМ во паркот „Жена Борец“, а во 10:40 часот ќе следи и оддавање почит пред споменикот на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов - Ченто на плоштадот „Македонија“.
По завршувањето на официјалниот дел, Мицкоски ќе даде изјава за медиумите. дма/мд/
Фото: МИА архива