• недела, 12 мај 2024

Малолетници тешко повредени откако со возило излетале од патот

Малолетници тешко повредени откако со возило излетале од патот

Тетово, 19 март 2024 (МИА) - Двајца малолетници денеска се тешко повредени откако излетале со возилото околу 14 часот на локалниот пат Стримница-Челопек.

- Во СВР Тетово е пријавено дека патничко моторно возило „смарт“ со тетовски регистарски ознаки управувано од малолетник од Челопек излетало од коловоз. Во несреќата, возачот и сопатникот во возилото, исто така, малолетник од Стримница се здобиле со тешки телесни повреди констатирани во тетовската Клиничка болница, информира портпаролот на СВР Тетово, Марјан Јосифоски.

За два дена ова е втора сообраќајна незгода во која малолетници управувале возило и се повредени поради излетување. Во неделата околу 17:30 часот кај месноста „Орман“ кај Доброште, малолетник беше повреден управувајќи четирицикл. ас/бак/

Фото: МИА архива 

Остани поврзан