• вторник, 30 април 2024

Макрон: Неопходно е да се избегне ескалација на Блискиот Исток

Макрон: Неопходно е да се избегне ескалација на Блискиот Исток

Париз, 22 април 2024 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, во телефонски разговор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху, го повтори ставот на официјален Париз дека е неопходно да се избегне ескалација на Блискиот Исток.

Тој, исто така, рече дека е важно и спротивставувањето на напорите на Иран да го дестабилизира регионот, објави Елисејската палата.

Макрон, се додава во соопштението, му рекол на израелскиот премиер дека Франција бара итен и траен прекин на огнот во Газа и работа на намалување на тензиите на границата меѓу Израел и Либан. ссм/

фото: ЕПА архива

Остани поврзан