• петок, 05 декември 2025

Макрон го повика Иран да се врати на преговарачката маса

Макрон го повика Иран да се врати на преговарачката маса

Париз, 14 јуни 2025 (МИА) – Францускиот претседател Емануел Макрон денеска попладне телефонски разговарал со иранскиот претседател Масуд Пезешкијан.

Во објави на социјалната мрежа Икс, Макрон наведе дека ја повикал иранската страна да не ги напаѓа дипломатските мисии и државјаните на Франција и на други земји во Иран и во регионот, „под никакви околности“.

„Го повикав Иран да покаже максимална воздржаност за да се избегне ескалација“, напиша Макрон.

Тој исто така го поканил Пезешкијан „да се врати на преговарачката маса што е можно поскоро со цел постигнување договор“. ссм/

фото: архива

Остани поврзан