• недела, 14 јули 2024

Македонските ракометари ремизираа со Австрија, ќе играат за пласман од 9-16. место на ЕП У20

Македонските ракометари ремизираа со Австрија, ќе играат за пласман од 9-16. место на ЕП У20

Целје, 13 јули 2024 (МИА) – Македонската репрезентација попладнево одигра нерешено 20:20 со Австрија во 3. коло од А-групата на Европското првенство за ракометари.

На натпреварот во Целје, Австријците беа подобри во првото полувреме, имаа и плус три (4:1) во почетните минути за на пауза да се замина со 11:10. 

Во вториот дел, Македонците за прв пат поведоа со три разлика (17:14), но до крајот не успеаја да стигнат до победа која им носеше пласман во четвртфиналето.

Вака, избраниците на селекторот Радослав Стојановиќ останува да се борат за пласман од 9 до 16.место, иако групата ја завршија без пораз) една победа и две нерешени средби).

Табела: Австрија 5 бода, Македонија 4, Хрватска 1 бод (натпревар помалку, Црна Гора 0 (натпревар помалку). зс/

Фото: РФМ 

Остани поврзан