• понеделник, 23 декември 2024

Македонските кошаркарски јуниори ќе играат за пласман од 13 до 16 место на ЕП

Македонските кошаркарски јуниори ќе играат за пласман од 13 до 16 место на ЕП

Матосињос, 29 јули 2023 (МИА) – Македонската машка јуниорска кошаркарска репрезентација ќе се бори за пласман од 13 до 16 позиција на Европското првенство од Б дивизијата, откако синоќа во португалскиот град Матосињос загуби од Унгарија со 86-70.

Уште во раната фаза од натпреварот што одлучуваше која од двете репрезентации ќе разигрува за пласман на 9 место, Унгарците се стекна со солидна предност и на полувреме имаа во водство од 44-34.

Второто полувреме не донесе посериозни промени, ниту во играта на македонскиот состав, ниту во резултатот.

Унгарците ја зголемија предноста која ја стекнаа во првото полувреме и стигнаа до заслужен триумф.

Шошкиќ со 14. реализирани поени беше најефикасен во македонската репрезентација, која вечерва од 21:30 ќе игра против Естонија. ег/бак/

Фото: КФСМ

Остани поврзан