• среда, 16 април 2025
Македонски
  • English
  • Shqip
  • Македонски

Ливерпул потпиша повеќегодишен договор со Адидас

Ливерпул потпиша повеќегодишен договор со Адидас


Ливерпул, 10 март 2025 (МИА) – Премиерлигашот Ливерпул потпиша денеска повеќегодишен договор со Адидас, кој ќе стапи на сила следната сезона и ќе го замени нивниот сегашен снабдувач на спортска опрема, Најк.
Според британските медиуми, станува збор за петгодишен договор вреден повеќе од 77 милиони евра годишно.
Ливерпул соработуваше со Адидас двапати во минатото – од 1985 до 1996 година и од 2006 до 2012 година.
„Сите во клубот се исклучително возбудени што ќе го пречекаат Адидас назад во нашето семејство“, изјави извршниот директор на Ливерпул, Били Хоган.
„Заедно постигнавме фантастичен успех во минатото и создадовме некои од најпознатите дресови на Ливерпул на сите времиња. Адидас и Ливерпул споделуваат амбиции за успех и не би можеле да бидеме посреќни што повторно ќе соработуваме, бидејќи со нетрпение очекуваме да создадеме неверојатни нови дресови кои ќе му помогнат на тимот на теренот“, додаде Хоган.
Партнерството со Адидас официјално започнува на 1 август 2025 година. ег
ФОТО: Фејсбук

 

Остани поврзан