ЛШ: Дембеле го налути Енрике и го пропушта дуелот со Арсенал
- Францускиот првак ПСЖ ќе го одигра утрешниот натпревар од второто коло во Лигата на шампиони против Арсенал без својот напаѓач Усман Дембеле, објавија денеска медиумите во Париз.

Париз, 30 септември 2024 (МИА) – Францускиот првак ПСЖ ќе го одигра утрешниот натпревар од второто коло во Лигата на шампиони против Арсенал без својот напаѓач Усман Дембеле, објавија денеска медиумите во Париз.
Дембеле не е повреден, а неговото отсуство на важниот натпревар е техничка одлука на тренерот.
Според весникот „Л’Екип“, најверојатно, станува збор за дисциплинска одлука по конфликтот меѓу тренерот Луис Енрике и францускиот напаѓач што се случи по победата над Рен (3-1) во петокот вечер.
Во текот на натпреварот Енрике неколку пати делуваше изнервирано покрај аут линијата бидејќи Усман Дембеле ги игнорираше неговите сугестии во неколку акции. ег
ФОТО: Фејсбук