• четврток, 04 јули 2024

Лукашенко ослободи 10 политички затвореници, но уште 1.400 остануваат во затвор

Лукашенко ослободи 10 политички затвореници, но уште 1.400 остануваат во затвор

Минск, 4 јули 2024 (МИА) – Претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко ослободи најмалку десет политички затвореници, вклучително и опозициски ветеран болен од рак, соопштија активисти за човекови права.

Организацијата за човекови права „Вјасна“ соопшти дека се ослободени три жени и седум мажи. Само на еден ослободен затвореник познат е идентитетот.

Роднини потврдија дека е ослободен поранешен лидер на опозициска партија и претседателски кандидат, 67-годишниот Ригор Кастусу. Тој беше уапсен во 2021 година, а следната година беше осуден на 10 години затворска колонија, откако беше прогласен за виновен за заговор против владата и за преземање на власта. Откако бил уапсен, му бил дијагностициран рак.

И покрај невообичаеното помилување, во Белорусија околу 1.400 луѓе се во затвор поради нивните политички активности, од кои повеќето беа уапсени по мирните протести во 2022 година и осудени за низа обвиненија за екстремизам. ми/

фото: ЕПА

Остани поврзан