• сабота, 11 мај 2024

Лукаревска: Оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев, неговиот аманет е и за идните генерации

Лукаревска: Оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев, неговиот аманет е и за идните генерации

СООПШТЕНИЕ

Скопје, 4 мај 2024

Заменик претседателката на СДСМ и носителка на листа во изборната единица 3 од СДСМ и Коалицијата за европска иднина денеска даде изјава за медиуми во која што посочи дека СДСМ оддава почит на ликот и делото на великанот Гоце Делчев, а неговиот аманет е за сегашните и за идните генерации.

- Денеска оддаваме почит на ликот и делото на Гоце Делчев. Неговиот аманет е и за сегашните и за идните генерации. Делчев е симбол на единството и државотворноста, се борел за слободна и просперитетна држава. Ние сме тие коишто неговиот аманет ќе треба да го продолжиме во иднина“, рече Лукаревска.

Центар за комуникации на СДСМ

Фото: СДСМ

___________________________________________________________

МИА овие текстови ги објавува во интегрална и оригинална форма и не е одговорна за нивната содржина, ниту за евентуалните правописни недоследности или печатни грешки.

 

Остани поврзан