Бобан Тошески е најсреќниот прилепчанец на Богојавление Водици
- Од 130 учесници, дваесетипетгодишниот прилепчанец Бобан Тошески е среќникот кој го фати светиот крст што денеска беше положен во осветените води на базенот во хотелот „Салида“. На положувањето на светиот крст на Богојавление Водици присуствуваа голем број прилечани.

Прилеп, 19 јануари 2025 (МИА) - Од 130 учесници, дваесетипетгодишниот прилепчанец Бобан Тошески е среќникот кој го фати светиот крст што денеска беше положен во осветените води на базенот во хотелот „Салида“. На положувањето на светиот крст на Богојавление Водици присуствуваа голем број прилечани.
Тошески вели дека е неизмерно среќен што го фатил светиот крст во шестото учество на манифестацијата.
-Еве, по шест години ми се исполни желбата и го фатив светиот крст. Инаку, првпат скокав во Охрид. Многу сум среќен, за многугодини празникот. Годинава очекувам многу среќа, здравје и бериќет. Им посакувам на сите мои роднини и пријатели. Инаку, имам завршено факултет и работам со приватен бизнис, рече Тошески.
Традиционално, Богојавление Водици се одбележа и во 20 населени места во општина Прилеп.
-Му честитам на Бобан Тошески. Му посакувам многу здравје и среќа. Тоа им го посакувам и на сите 130 учесници, рече Борче Јовчески, градоначалник на Прилеп.
Тошески доби пригодни подароци од локалната самоуправа. ем/дма/
Фото: МИА