Почина момчето кое се здоби со повреди од струен удар откако се качило на вагон
- Почина 17-годишното момче од Волково кое на 16 јануари качено на цистерна-вагон доживеало струен удар.

Скопје, 19 јануари 2025 (МИА) - Почина 17-годишното момче од Волково кое на 16 јануари качено на цистерна-вагон доживеало струен удар.
-За жал и покрај максималните напори на медицинските тимови, животот го загуби 17-годишниот пациент со изгореници и тешки телесни повреди, велат од КАРИЛ.
Пациентот бил третиран мултидисциплинарно од специјалисти од пластична и торакална хирургија во единицата за интензивно лекување, земајќи ги предвид резултатите од сите испитувања, параметрите и неговата исклучително тешка здравствена состојба.
На пруга во општина Кисела Вода, момчето било качено на цистерна-вагон кога доживеало струен удар.
Од Министерството за внатрешни работи за случајот појаснија дека цистерната се запалила, а момчето со возило на Итна помош, било пренесено во Ургентниот центар. сст/дма/
фото МИА архива