• недела, 12 мај 2024

Лица со попреченост ќе сликаат виножито в четврток на Денот на музеите во Неготино 

Лица со попреченост ќе сликаат виножито в четврток на Денот на музеите во Неготино 

Неготино, 16 мај 2023 (МИА) - Лица со попреченост ќе сликаат виножито во четврток на Денот на музеите во Неготино, информираше попладнево, Драгица Чекорова, директорка на неготинскиот градски музеј.
 
- По повод 18 Мај, Меѓународниот ден на музеите, Музеј на град Неготино заедно со „Порака" од Неготино, организира ликовен хепенинг кој ќе се реализира во дворот на музејот. На ликовниот хепенинг ќе се создаваат ликовни дела од страна на лицата со попреченост од „Порака",  ќе ги сликаат боите на виножитото. Целта на настанот е да покажеме дека различноста спојува а не раздвојува и дека сите луѓе имаат можности, само треба да се препознаат тие можности и да им се даде поддршка да бидат креативни, соопшти Чекорова.

Таа додаде дека целта на овој хепенинг, исто така, е, лицата со попреченост, како и сите други, да го меморираат 18 Мај како Меѓународен ден на музеите, а воедно и да ја доживеат атмосферата на создавање на ликовни дела. свд/дма/

 

Фото : Музеј на град Неготино

Остани поврзан