• четврток, 02 мај 2024

Ливерпул започна преговори со Аморим

Ливерпул започна преговори со Аморим

Ливерпул, 5 април 2024 (МИА) - Ливерпул започна официјални преговори со тренерот на Спортинг, Рубен Аморим. 39-годишниот Португалец стана кандидат број 1 за замена на Јирген Клоп откако Чаби Алонсо изјави дека останува во Баер Леверкузен. Раководството на „црвените“ е заинтересирано да постигне договор со менаџер кој ќе почне со работа набргу по заминувањето на Клоп.

Лидерите во Премиер лигата веќе се во преговори со агентите на Аморим, кои му се добро познати на клубот бидејќи го претставуваат и Луис Дијаз. Колумбиецот се пресели на „Енфилд“ од Порто.

Самиот Аморим е свесен за интересот на Ливерпул и заинтересиран за проектот, но моментално сака да се концентрира на својата работа во Спортинг.

Лисабонските „лавови“ имаат шанса за „двојна круна“, откако стигнаа до финалето на Купот на Португалија и се први во лигата, каде имаат бод предност пред второпласираната Бенфика и одигран натпревар помалку.

Во договорот на португалскиот стручњак има клаузула вредна 20 милиони евра за раскин на договорот во случај на понуда од странски клуб. Интерес за него имаше и од Барселона, но Каталонците се откажаа од обидите да го привлечат.дс

Фото: Архива

Остани поврзан