• понеделник, 20 мај 2024

Либан најави дека индиректните разговори меѓу Израел и Хезболах ќе започнат за време на светиот муслимански месец Рамазан.

Либан најави дека индиректните разговори меѓу Израел и Хезболах ќе започнат за време на светиот муслимански месец Рамазан.

Бејрут, 6 март 2024 (МИА) - Наскоро се очекува да започнат индиректните преговори за прекин на борбите меѓу Израел и вооружената група Хезболах во јужен Либан, јави ДПА, повикувајќи се на либански медиуми.

Привремениот либански премиер Наџиб Микати денеска најави дека разговорите ќе започнат за време на светиот муслимански месец Рамазан, кој ќе започне на почетокот на следната недела, соопшти либанската новинска агенција ННА.

Либанските власти го проучуваат предлогот на американскиот специјален пратеник Ејмс Хохштајн, советник на американскиот претседател Џо Бајден. Хохштајн во понеделникот беше во Бејрут на разговори кои се фокусираа на дипломатските напори за ставање крај на непријателствата меѓу групата Хезболах поддржана од Иран и Израел.

Од почетокот на војната во Појасот Газа по нападот врз јужен Израел од страна на палестинската исламистичка група Хамас поврзана со Хезболах и други милитантни групи на 7 октомври, избувнаа борби во израелско-либанската погранична област, забележа ДПА. ссм/

фото: архива

Остани поврзан