• четврток, 20 јуни 2024

Леброн ќе се пензионира кога веќе нема да може да дава максимум на теренот

Леброн ќе се пензионира кога веќе нема да може да дава максимум на теренот

Лос Анџелес, 13 јули 2023 (МИА) – Кошаркарот на Лос Анџелес лејкерс, Леброн Џејмс ќе се повлече од активно играње кога ќе почувствува дека не е способен да дава максимум на натпреварите.

 

- Кога заврши сезоната, реков дека не сум сигурен дали ќе продолжам да играм. Во тој момент, постојано се прашував себеси, дали можам да ја играм оваа следната сезона без проблеми? Дали сè уште можам да дадам сè од себе на теренот? Да бидам искрен, овие прашања си ги поставувам веќе неколку години. Кога не можам да дадам максиму на паркетот, ќе си заминам. Среќа за вас, тој ден нема да биде денес, изјави Џејмс за „ESPN“.

 

Триесет и осумгодишниот Џејмс е четирикратен НБА шампион (2012, 2013, 2016, 2020 година). Кошаркарот четири пати беше прогласуван за најкорисен играч во регуларниот дел од сезоната и финалната серија од плејофот.

 

Џејмс претходно изјави дека последната сезона ќе ја помине во истиот тим со својот син, 17-годишниот Брони Џејмс. зс/

 

Фото. ЕПА

Остани поврзан