• недела, 28 април 2024

Лапорта ги почести фудбалерите на Барселона со хамбургери за триумфот над ПСЖ

Лапорта ги почести фудбалерите на Барселона со хамбургери за триумфот над ПСЖ

 

Мадрид, 12 април 2024 (МИА) – Претседателот на Барселона, Жоан Лапорта, ги почести фудбалерите на каталонскиот клуб со хамбургери во еден од париските ресторани како награда за победата во првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите против ПСЖ (3:2).

Како што објави денеска шпанскиот весник АС, Лапорта по натпреварот одигран во вторникот во Париз лично се поздравил со секој од играчите и ги почестил со хамбургери.

Барселона триумфираше над ПСЖ со 3-2, а двоен стрелец беше Бразилецот Рафиња.

Реваншот во Барселона е идниот вторниик. ег ФОТО: Икс

Остани поврзан