• петок, 22 ноември 2024

Курти објави видео од движења на српски специјалци на границата со Косово: „Србија намерно провоцира“

Курти објави видео од движења на српски специјалци на границата со Косово: „Србија намерно провоцира“

Приштина, 22 март 2024 (МИА) – Косовскиот премиер Албин Курти објави дека вчера, на неколку метри од границата на Србија со Косово, било забележано движење на специјални единици на српската армија, јави дописникот на МИА од Приштина.

Покрај видео клипот објавен на неговата официјална страница на Фејсбук, Курти напиша дека оваа акција на српските сили уследи откако претседателот на Србија, Александар Вучиќ јавно му се закани на Косово, со пораката дека „Србија го чека најдобриот можен момент“ за да се избори „за својата кауза“.

Курти вели дека припадниците на српските сили се видени во близина на селото Бање во Зубин Поток, додека слични движења се регистрирани и во селото Осларе во Бујановац, во близина на границата со Косово.

Според косовскиот премиер, вооружените сили на Србија користат наводни редовни вежби, како изговор за да предизвикаат намерни провокации во близина на границата со Косово.

Внимателно набљудуваме дали ќе се обидат да ја преминат границата, бидејќи ваквото приближување на нивните воени возила не е нормално, напиша Курти. иа/ссм/

фото: принтскрин

Можно е и ова да ти се допаѓа

Остани поврзан